
Програми
Превенција и едукација
Знаење кое штити.
Работиме со деца, млади, професионалци и заедницата за подигнување на свест и заштита од трговија со луѓе.
Информираме
Ги информираме децата, младите и јавноста за ризиците од трговија со луѓе, онлајн злоупотреба, експлоатација и насилство.
Едуцираме
Спроведуваме работилници, обуки и кампањи за деца, млади, професионалци и заедницата.
Зајакнуваме
Ги јакнеме капацитетите за рано препознавање, реагирање, упатување и заштита на лица под ризик.
Поврзуваме
Градиме соработка со училишта, институции, организации и медиуми за посилна превенција.
Едукација за деца и млади
Работиме со деца и млади преку интерактивни работилници, разговори и едукативни материјали. Целта е младите да научат како да препознаат ризични ситуации, манипулација, насилство, експлоатација и можни форми на трговија со луѓе.
Што учат младите?
- •како да препознаат ризична ситуација;
- •како да се заштитат од манипулација и врбување;
- •како безбедно да носат одлуки;
- •каде да побараат помош и поддршка.

Нашиот пристап
Интерактивно
Безбедно
Инклузивно
Практично
Прилагодено
Со почитување на достоинството
