За нас
Движење кое им дава глас на најранливите. НИЕ обезбедуваме заштита, зајакнување на капацитетите и интеграција на тргуваните лица и другите ранливи групи во општеството.
Наша историја
Основање на Отворена порта/Ла Страда
Основана е првата организација во Северна Македонија специјализирана за превенција и борба против трговијата со луѓе и заштита на жртвите.
Отворање на СОС линијата 0800 11111
Воспоставена е бесплатна, анонимна и 24/7 СОС линија за информации, пријавување и поддршка на жртви и лица во ризик.
Отворање на безбедно прифатилиште
Отворено е првото и единствено специјализирано безбедно прифатилиште за жртви на трговија со луѓе во државата.
Награда за социјална интеграција
Проектот „Превенција од трговија со деца“ ја добива наградата за социјална интеграција од Erste Foundation.
Програма за придружна социјална работа
Започнува спроведувањето на Програмата за придружна социјална работа, обезбедувајќи долгорочна поддршка и реинтеграција на жртвите.
Поддршка за бегалци и мигранти
Отворена порта/Ла Страда воспоставува сервис за поддршка во Прифатниот центар за баратели на азил „Визбегово“ и обезбедува итна интервенција, стручна помош и поддршка за ранливите категории лица во процес на миграција. Мобилните тимови 24/7 работат долж западнобалканската миграциска рута.
„Заедно против трговија со луѓе – #МладиВоАкција“
Обучени и менторирани млади реализираат 10 иновативни кампањи за подигање на јавната свест за трговијата со луѓе.
Кодекс за заштита на децата од сексуална експлоатација
Во партнерство со Accor Group и Националната комисија за борба против трговијата со луѓе е потпишан Кодекс за заштита на децата од сексуална експлоатација во индустријата за патувања и туризам.
Национална НВО платформа
Отворена порта/Ла Страда ја иницира Националната платформа на граѓански организации за превенција и борба против трговијата со луѓе.
Лиценциран давател на социјални услуги
Отворена порта/Ла Страда станува лиценциран давател на социјални услуги и управување на специјализираното државно прифатилиште за жртви на трговија со луѓе.
Документарниот филм „Излез“
Премиера на документарниот филм „Излез“, кој преку три вистински приказни ги прикажува искуствата на жртвите и предизвиците во остварувањето на нивните права.
Паричен надоместок за жртви на насилен криминал
Започнува примената на Законот за исплата на паричен надоместок на жртви на насилен криминал, донесен по долгогодишно застапување на Отворена порта/Ла Страда за подобра заштита и обештетување на жртвите, вклучително и жртвите на трговија со луѓе.
Награда за човекови права „Слобода – Еднаквост – Братство“
Отворена порта/Ла Страда ја добива престижната француска Награда за човекови права доделена од Француската национална консултативна комисија за човекови права (CNCDH), за проектот „Унапредување на превенцијата и поддршката за жртвите на присилен брак“, насочен кон спречување на присилниот брак како форма на трговија со луѓе.
Линија за исчезнати деца 116 000
Отворена порта/Ла Страда ја воспоставува националната телефонска линија 116 000 за исчезнати деца, обезбедувајќи поддршка за семејствата, координација со институциите и помош при случаи на исчезнати деца.
Признанија и награди
Награда за социјална интеграција
Проектот „Превенција од трговија со деца“ ја доби наградата за социјална интеграција од Erste Foundation.
Награда за човекови права „Слобода – Еднаквост – Братство“
Француската национална консултативна комисија за човекови права (CNCDH) ѝ ја додели престижната Награда за човекови права за проектот „Унапредување на превенцијата и поддршката за жртвите на присилен брак“.
Loading team members...
