English I Shqip



ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Потекло на проблемот
Човековите права и женските права како составен дел од човековите права
Дефиниција на поимот - трговија со луѓе
Состојбата во Македонија

ДЕФИНИЦИЈА НА ПОИМОТ - ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Кога е во прашање современото дефинирање на оваа појава врз основа на меѓународни документи, тие треба да се гледаат во меѓусебен однос бидејќи се надоврзуваат и се надополнуваат еден со друг.

Денеска не постои универзална прифатена дефиниција за трговијата со луѓе, само многубројни дефиниции кои се промовирани и усвоени од владите, регионалните тела и невладините организации. Особено голем напредок во дефинирањето на овој феномен е:
        “Протоколот за превенција, сузбивање и казнување на трговијата со луѓе, особено жени и деца”, со кој се дополнува Конвенцијата на Обединетите нации против транснационалниот организиран криминал (Палермо 2000).
Голем број земји се потписнички на Протоколот во Палермо, а државите - членки ја дефинираат, ”трговијата со луѓе”, земајќи ја како рамка за меѓународниот криминал. НВО “Отворена Порта” ја подразбира трговијата со луѓе како што е дефинирана во Протоколот:

Поимот трговија со луѓе значи регрутирање, превезување, пренос, засолнување или прифаќање на лица по пат на закана или со употреба на сила или други форми на принуда: киндапирање, измама, залажување или со злоупотреба на моќ или состојба на немоќ, давање или примање на пари или корист заради постигнување на согласност на лице кое има контрола над друго лице се со цел негова експлоатација.

Експлоатацијата подразбира, во најмала мерка, експлоатација и проституција на други лица или други форми на сексуална експлоатација, принудна работа или принудно услужување, ропство или постапување слично на ропство, слугување или вадење на органи.



Web страната на Отворена Порта е финансиски поддржана од
UNICEF   и   Ла Страда

 
 
Copyright © 2004 Отворена Порта