 |
|
Човековите права и женските права како составен дел од човековите права |
 |
|
 |
|
ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ЖЕНСКИТЕ ПРАВА КАКО СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА
Женските човекови права се составен и поврзан дел од универзалените човекови права и интегрален дел од активностите за човекови права на ОН, вклучувајќи ја и промоцијата на сите инструменти за човековите права поврзани со жените.
Виенската декларација од 1993 година претставува прво официјално признавање дека женските права се човекови права во меѓународната заедница. Кога зборуваме за женските права не мислиме на специјални права за жените, туку на базичните човекови права како и мажите. Во основа, трговијата со луѓе е загрозување на најосновните човекови права кои според “ Универзалната декарација за човекови права” од 1948 година гласат:
Сите човечки суштества се родени слободни (Член1)
На сите луѓе им се дадени сите права и слободи (Член 2)
Секој има право на живот, слобода и безбедност (Член 3)
Никој не смее да биде држен во ропство и сервилност, ропството и
трговијата ќе бидат забранети во сите негови облици (Член 4)
Работата на меѓународната заедница за јакнење на меѓународната соработка во спротивставување на организираниот криминал бележи голем број активности. Конвенцијата на Обединетите нации во борбата против овој феномен е првата меѓународна конвенција во 21-иот век и првиот легално обврзувачки инструмент на ОН за борба против организираниот криминал. Конференцијата се одржи од 12 до 15 декември 2000 година во Палермо, Италија каде се потпиша “Конвенцијата и двата протоколи за спречување на трговијата со луѓе и спречување на нелегалната миграција на луѓе”. Конвенцијата е усвоена од Генералното собрание и ќе стапи на сила откако 40 земји ќе ја ратификуваат.
Протоколот за спречување на трговија има три цели:
Да ја оневозможи и спречи трговијата со луѓе, посветувајќи особено внимание на жените и децата;
Да ги заштити и да им помага на жртвите на ваков вид трговија, целосно почитувајќи ги нивните човекови права;
Да промовира соработка меѓу државите-членки, во смисла на изедначување на нивните цели.
Конвенцијата и Протоколот ќе создадат основа за посеопфатна заедничка акција со цел да се обезбеди моќен легален инструмент во спротивставувањето на овој вид криминал. Конвенцијата со својата комплексност опфаќа многу битни прашања, ги поедноставува активностите во областа на превенцијата и спречувањето на трговијата со луѓе, како еден од најтешките видови на криминал.
Web страната на Отворена Порта е финансиски поддржана од
UNICEF и Ла Страда 
|
|