English I Shqip



ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Потекло на проблемот
Човековите права и женските права како составен дел од човековите права
Дефиниција на поимот - трговија со луѓе
Состојбата во Македонија

ПОТЕКЛО НА ПРОБЛЕМОТ

Поимот “трговија со луѓе” е присутен во општеството во текот на целата негова историја. Во минатото се споменуваше поимот, ”трговија со бело робје” кој егзистира низ целата историја на класното општество со тоа што во зависност од развојот и карактерот на општествените и економски односи ги менува своите феноменолошки облици и форми на појавување.Овој поим се среќава и во низа меѓународни документи кои во континуитет постојано се надополнувале во согласност со новите сознанија и опасности што ги носи оваа појава. Останува фактот дека кога се зборува за оваа појава, се тргнува од поимот ропство кој по својата содржина е поширок поим, но ја опфаќа и “трговијата со бело робје” како облик на доведување на жената во ропство заради проституирање. Во прашање е губење на слободата и самостојноста во одлучувањето за себе, сопствената положба и постапки. Станува збор за свирепа, бескрупулозна експлоатација на телото на жената, нејзина злоупотреба за проституција. Очигледно е дека тогаш кога оваа појава се одредила со поимот, ”трговија со луѓе”, имала потесно значење.
Во основа терминот, ”трговија со жени”, попрецизно го објаснува поимот дека жените и децата се најчестите жртви. Меѓутоа во меѓународното право како што се спомнува поимот, ”човекови права”, а не, ”женски права”, така во суштина и ”трговијата со луѓе” како поим почесто се користи во терминологијата, иако се поистоветува со поимот, ”трговија со жени”,.

Трговијата со луѓе претставува најсурово кршење на основните човекови права, каде што мнозинство на жртвите се жени. Трговијата со луѓе е меѓународен криминал, затоа владините и невладините организации низ целиот свет усвојуваат политики и стратегии со кои ќе се борат против трговијата со луѓе.



Web страната на Отворена Порта е финансиски поддржана од
UNICEF   и   Ла Страда
 
 
Copyright © 2004 Отворена Порта