English I Shqip



ПРОГРАМА

Превенција и едукација
Директна поддршка
Лобирање и информирање
Проекти:


         •    “Превенција, едукација и социјална               асистенција за жените жртви на трговија               со жени”. Проектот беше финансиски поддржан од шведската фондација               “Kvina till Kvina” која веруваше во нашите идеи. Потоа активностите почнаа               да се зголемуваат според следниов редослед:

         •   Октомври, 2001 година “Отворена Порта” официјално стана членка на “Ла               Страда програмата” која се реализира во 9 земји од Централна и Источна               Европа.

         •   Март, 2002 и 2003 година во соработка со Шелтер-центарот за жени-жртви               на семејно насилство “Отворена Порта” го организираше “V-day” – ден               против насилството врз жената.

         •   Август, 2002 година следи новиот проект “СОС-телефонска линија за               информација и превенција од трговија со жени”. Овој проект финансиски              е поддржан од ОБСЕ и УНИЦЕФ

         •  Октомври, 2003 година започна проектот “НВО-мрежа и заедничка               имплементација на кампањата за подигање на јавната свест” финансиски               поддржан од ИТЗ.

“Отворена Порта” продолжува да чекори напред, реализираните проекти се искуство и сатисфакција повеќе за нас.
Борбата против “современото ропство” - трговијата со луѓе, жени и деца продолжува со низа нови активности и проекти.



1. “Превенција, едукација и социјална асистенција на жени-жртви на трговија со жени

Време
: јануари-септември 2001
Место : Скопје
Финансиран од : Kvinna till Kvinna

Цели на проектот :

• Тренинзи на членовите на “Отворена Порта” за успешна работа во борбата

 

против трговијата со луѓе;
• Доближување на проблемот на трговијата со жени до јавноста;
• Информирање на младите девојки за начините преку кои можат да бидат

 

вовлечени во трговијата со луѓе и нивна заштита.


За време на проектот беа реализирани повеќе превентивни лекции со кои беа опфатени 86 девојки од различни градови во Република Македонија.
Голем број локални невладини организации за време на реализацијата на проектот покажуваа зголемен интерес за работа на проблемот на трговијата со луѓе. Соработката со овие невладини организации успешно продолжува и понатаму.

2. “V-day” – Светска кампања против насилството врз жените

2.1
Време
: 05.03.2002
Место : Скопје
Финансиран од : Kvinna till Kvinna, Swedish SIDA, UNHCR, World Learning, Star Network, Министерство за култура на Република Македонија.

Цели:

• Подигање на јавната свест во Република Македонија за проблемот- насилството

 

врз жената;
• Лобирање во јавните институции, министерствата и медиумите за поддржување

 

на оваа иницијатива;
• Запознавање на јавноста на Република Македонија со работата на невладините

 

организации кои се борат против овој проблем;
• Собирање на средства кои ќе бидат употребени за поддршка на жените- жртви

 

на насилство и трговија со луѓе.

За време на реализацијата на “V-day” – Светска кампања против насилството врз жените одржавме прес-конференција и регионален состанок со сто невладини организации од Република Македонија и регионот. Централен настан беше изведбата на преставата “ Вагинални монолози” каде со своето присуство не “почести” и авторката Ив Енслер .
Со овој настан Република Македонија го одбележа “Денот против насилството врз жената” и се вклучи во светската кампања против насилството врз жената.

2.2
Време: 27.03. 2003 година
Место:
Скопје
Финансиран од :
Kvinna till Kvinna, Swedish SIDA, OSCE.

Цели:

• Подигање на јавната свест во Република Македонија за проблемот- насилството

 

врз жената;
• Лобирање во јавните институции, министерствата и медиумите за поддржување

 

на оваа иницијатива;
• Запознавање на јавноста на Република Македонија со работата на невладините

 

организации кои се борат против овој проблем;
• Собирање на средства кои ќе бидат употребени за поддршка на жените -жртви

 

на насилство и трговија со луѓе.

Централниот настан се одржуваше во хотелот “Холидеј Ин” каде беше организирана добротворна аукција каде организаторите и другите НВО од Р. Македонија донираа предмети кои беа изложени на аукцијата, а присутните гости можеа да ги купат по пат на лицитација. Средствата кои беа собрани од оваа аукција беа наменети за жените-жртви на трговија со луѓе и домашно насилство.
Со овој настан Република Македонија повторно беше дел од светската кампања против насилството врз жената.

3. СОС-линија за информација и превенција од трговија со луѓе
+389 2 2777-070

Време
: август 2002-декември 2004
Место: Скопје
Финансиран од: UNICEF, ОБСЕ, Mama Cash и Македонски Телекомуникации

Задачи:

Постоењето на СОС-линијата од ваков вид допринесува :

•  Подигање на свеста за намалување на бројот на потенцијалните жртви на

 

трговијата со луѓе.
•  Обезбедување на поддршка на жртвите на трговија со луѓе во моментот и на

 

жртвите кои биле предмет на трговија со луѓе
•  Поддршка на жртвите на насилство и охрабрување да донесуваат сопствени

 

одлуки.

Кратка цел: 

•  Навремено информирање за тоа како да се избегне ризикот од навлегување во

 

мрежата на трговијата со жени.
•  Обезбедување кризна интервенција на жртви.
•  Правно и социјално советување и насочување кон други служби.
•  Обезбедување поддршка на семејствата или роднините на жртвите.
•  Обезбедување совет и поддршка на професионалци кои го третираат

 

проблемот.

СОС- линијата не обезбедува работа во странство.

4. “Мрежа на невладини организации и заедничка имплементација на кампањата за подигање на јавната свест за трговијата со луѓе

Време
: 01.10. 2003 - 30 .04. 2004
Место: Скопје, Битола, Куманово, Струмица, Битола, Делчево, Свети Николе, Ростуше, Тетово, Кичево и Струга
Финансиран од: УСАИД преку Институтот за трајни заедници во рамките на програмата за демократска соработка.

Цели:

Примарната цел на овој проект е обезбедување на поефикасна превенција, како и пренесување на своите знаења и експертиза од областа на трговијата со луѓе на други невладини организации од Републикава.

Со имплементацијата на овој проект ќе допринесеме за засилување на превенцијата на локално ниво, а со тоа и поефикасна борба против овој вид на организиран криминал.

Процесот на проценка на организациите започна со создавање на листа на можни локални НВО кандидати, преку дата-базата на локални НВО од “Отворена Порта”. Во контакт со ОБСЕ мисијата,ИОМ и Институтот за трајни заедници ги добивме и останатите контакт-листи. За процесот на селекција беа создадени прашалници кои беа испратени до 30 организации, од кои 20 влегоа во потесниот круг. Тие беа посетени од “Отворена Порта” и интервјуирани од нашиот тим.

Со крајната селекција бе одбрани 10 невладини организации од предвидените градови.

Публикации:

•  Водич за млади девојки “ Мал прирачник за големи одлуки” испечатен во 6000

 

примероци на македонски, албански и ромски јазик.
•  “Лифлет” за млади девојки кои аплицираат за виза со цел да работат во

 

странство. Испечатени во 6000 примероци на македонски јазик.
•  Постери “ Не дозволувај да бидеш измамена имаш начин да си помогнеш”

 

испечатени во 1000 примероци на македонски јазик.
•  “Стикери, разгледници и шеќерчиња” на македонски јазик.
•  “Годишен извештај за 2002 година” испечатен во 500 примероци на

 

македонски и англиски јазик.
•  “Прирачник за превенција од трговија со луѓе” испечатен во 100 примероци на

 

македонски јазик.

I.3. Ла Страда


Превенција од трговијата со жени во Централна и Источна Европа
(
Полска, Чешка, Украина, Бугарија, Белорусија, Босна и Херцеговина
Молдавија, Македонија, Холандија)

Трговијата со жени зема се поголем замав во Европа, проблемот постоеше, а никој не преземаше ништо да го спречи или барем да го минимизира.
За да се спречи овој меѓународно злосторство, се создаде меѓународна мрежа на невладини организации наречена Ла Страда. Ла Страда стартуваше во септември 1995 година со билатерална размена на холандската фондација против трговијата со жени (Stichting tegen Vrouwenhanel, STV) и двете организации за женски права од Полска и Република Чешка.
Две-три години подоцна во периодот од јануари 1997 година и јуни 1998 година, партнерите од Украина и Бугарија по наведениот редослед се вклучија во мрежата. Во 2001 година Ла Страда мрежата се прошири со уште четири нови партнери од: Белорусија, Босна и Херцеговина, Молдавија и Македонија, вклучувајќи ја холандската фондација STV. Денес Ла Страда мрежата брои девет членки организации.

Ла Страда - програма:

Превенцијата од трговијата со жени во Централна и Источна Европа има за цел да ја направи трговијата со жени видлива. Нејзина задача е да се подигне свеста кај власта, медиумите и целата јавност за трговијата со жени како чин каде е видливо нарушувањето на основните човекови права. Програмата е насочена и за помош на жртвите кои доаѓаат во контакт со мрежата за поддршка, и информирање на жените и девојките за можните опасности од трговијата со жени.
Ла Страда ја исполнува својата мисија и стратегија развивајќи мулти-дисциплинарен пристап преку своите кампањи за: информирање и лобирање, превенција и едукација и социјална асистенција на жртвите од трговијата.

ЕДИНСТВЕНО ПАРТНЕРСТВО:

•  Ла Страда е интернационално, Источно - Источно и Источно - Западно

 

партнерство формирано за: прашањето на трговијата со жени, интернационална соработка за индивидуални случаи на поддршка на жртви, и размена на искуства, идеи, активности.
•  Ла Страда е основна програма според која директниот контакт со жртвите од

 

трговијата со жени овозможува непроценливи искуства, вештини и информации.
•  Ла Страда се состои од независни невладини организации чиј фокус е насочен

 

кон жените и девојките инволвирани во трговијата со жени. Нивните потреби и проблеми се најважни за Ла Страда програмата и се одлучувачки за нашите идни активности, стратегии и цели.
•  Ла Страда има мулти- дисциплинарен пристап кон жртвите на трговијата со

 

жени вклучувајќи: информирање & лобирање, превенција & едукација и социјална асистенција.

•  Ла Страда е насочена кон остварување на долгорочни резултати. Жените

 
покрај тоа што се информирани за ризиците преку кампањата за “Превенција и едукација”, исто така имаат можност да изградат нов живот преку кампањата за “Директна поддршка”. Кампањата за “Информирање и лобирање” се залага за реинтеграција на жените-жртви во општеството. Трговијата со жени е сурово нарушување на човековите права и сериозен криминален престап кој мора де спречи.



Web страната на Отворена Порта е финансиски поддржана од
UNICEF   и   Ла Страда

 

 
Copyright © 2004 Отворена Порта