|
ПРЕВЕНЦИЈА И ЕДУКАЦИЈА
Целта на кампањата за превенција и едукација е да им влее самодоверба на жените да донесуваат самостојни одлуки кои се значајни за заштита на нивните права. Покрај дејствувањето директно на ризичната група, жените - жртви, оваа кампања обрнува внимание и на опкружувањето на ризичните групи, преку едуцирање на професионалци (полицајци, погранични полицајци, професори, училишни психолози и педагози, улични работници итн.) како да ги заштитат потенцијалните жртви од можноста да станат вистински жртви на трговијата со жени.
Web страната на Отворена Порта е финансиски поддржана од
UNICEF и Ла Страда 
|
|