Целта на кампањата за директна поддршка е да овозможи социјална и емоционална поддршка на преживеаните-жртви од трговијата со жени.
Во рамките на Ла Страда-програмата формирани се национални и интернационални мрежи се со цел безбедно враќање на жртвите и поддршка во нивното опстојување на себе пронаоѓање. Ла Страда својата политика и стратегија на дејствување ја насочува и кон потребите на жртвите од трговијата со жени. Оваа кампања ја комбинира директната поддршка на жртвите со лобирањето на различни нивоа во зависност од специфичноста на случаите.
Активности на кампањата за директна поддршка:
На жените жртви им се нуди соодветен психо-терапевтски третман
(индивидуални или групни сесии) со цел за поуспешно интегрирање во средината во која ќе живеат,
Привремено сместување (сопствено или во соработка со друга организација), Помош при вадење на лични документи, Основна правна помош од страна на првник кој работи во ,,Отворена Порта,,
или насочување кон други правни служби,
Обезбедување на врска со семејството (ако жената тоа го сака),
Материјални средства за задоволување на нивните основни потреби (храна,
облека и хигиенски средства),
Медицинска помош - обезбедување за жртвите посета на општ лекар,
гинеколог и по потреба психијатар,
Контакти со странски локални невладини организации членки на Ла Страда
мрежата и од останатите земји на потекло,
Контактите со локалните НВО-а од земјите на потекло се остваруваат во
насока на:
а) Размена на информации за конкретни случаи;
б) Превземање на понатамошна грижа за жртвите откако тие Ќе се вратат во матичните земји.
Web страната на Отворена Порта е финансиски поддржана од
UNICEF и Ла Страда