СОС-ЛИНИЈА ЗА ИНФОРМАЦИЈА И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТРГОВИЈА СО ЖЕНИ
СОС линијата за информација и превенција од трговија со луѓе е отворена за сите јавувачи секој ден од 08 до 20 ч. на која може да се добијат информации и помош на неколку јазици: Македонски, Албански, Ромски, Руски, Чешки, Англиски итн.
СОС линијата обезбедува:
Основни информаци за трговијата со луѓе
Превентивни информации
Емоционална помош
Психо- социјална помош
Информации за безбедно заминување или работа во странство
Основни правни совети
Информација и асистенција на клиентот во неволја
Помош при воспоставување контакти со соодветно релевантни институции
Помош при враќање во матичната земја
Насочување кон други служби
Ако сте жени и девојки кои преживеале трговија со луѓе, родители и блиски роднини на жртви или преживеани од трговијата со луѓе, жени и девојки кои се во ризична состојба (може да бидат вовлечени и/или продадени со цел сексуална експлоатација), професионалци (социјални работници, лекари, психолози, правници, полицајци и др.) кои во рамките на своите задолженија ја вклучуваат и работата со жртви.
Ако имате потреба од разговор и консултација
јавете се:
СОС телефонска линија за информација и превенција од
трговија со луѓе
++ 389 2 27 77 070
бесплатна телефонска линија
0800 11111
секој ден од 08.00-20.00 часот
Web страната на Отворена Порта е финансиски поддржана од
UNICEF и Ла Страда 
|