Волонтери

Отворена Порта верува дека општество без волонтери е статично, општество кое заостанува зад другите, затоа што ентузијазмот на поединците е вредност која преставува главен дигател на промените кон подобро.

Отворена Порта го поддржува волонтеризмот и им овозможува на социјалните работници, психолози, правници и педагози да ги надградат своите капацитети и да ги развијат своите вештини, преку волонтирање во организацијата. Отворена Порта редовно организира и спроведува обуки наменети за волонтерите а подоцна им обезбедува и практична работа и реализирање на разни активности преку програмите на организацијата. За повеќе информации обратете се на тел: 00389 2 2700107 или на е-маил:lastrada@lastrada.org.mk

 

 

 

 

  • РЕЗУЛТАТИ од избор за најдобра новинарска статија на тема ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

    РЕЗУЛТАТИ од  избор за најдобра новинарска статија на тема ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

    На ден 17.10.2017, во просториите на Отворена Порта во Скопје се одржа состанок на членовите на стручното жири за избор на најдобра новинарска статија на тема „Трговија со луѓе“ на кој што се разгледуваа апликациите пристигнати за време на конкурсот. На јавниот повик имаа можност да конкурираат сите заинтересирани новинари од печатени и електронски медиуми до 5 октомври 2017, со една или  повеќе статии објавени во периодот од 1 декември 2016 до 30 септември 2017 година.

    Пристигнатите апликациите доставени за време на конкурсот ги разгледа и оцени независна жири комисија и притоа ја донесе следнава одлука:

    Прва награда

    Новинар: Стојанка Митреска

    Текст: “Примамливите огласи за работа можат да бидат и мачка во вреќа”

    Објавен: 30.09.2017

    Медиум: Плус Инфо

    Втора награда

    Новинар: Петар Клинчарски

    Текст: „Жртвите на трговија со луѓе - жртви на институционална негрижа“

    Објавен: 29.09.2017

    Медиум: 360 Степени

    Комисијата одлучи дека оваа година наместо трета награда додели посебна  награда за младите средношколци кои се пријавија на конкурсот и покажаа иницијатива и мотивираност за истражувања во областа на трговија со луѓе. Награда за младите средношколци: Стеван Богданов и Евгенија Атанасова

    Текст: “Трговија со луѓе – ропството на современиот свет”

    Објавен: 30.09.2017

    Медиум: Телевизија Стар

     

     

     

    Дознајте повеќе!
  • Огласот е затворен Оглас за ангажирање на консултант

      Огласот е затворен ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТ
    Здружението за акција против насилоство и трговија со луѓе Отворена Порта распишува оглас за ангажирање на консултант за идентификација и проценка на потребите на младите во Гевгелија и недостатоците во локалната подршка за децата на кои што им се потребни специјализирани заштитин сервиси. За повеќе информации: ToR Consultant 19 07 2017 (2).pdf

     

    Дознајте повеќе!
  • ИЗВЕСТУВАЊЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ЈАВНОТО ГЛАСАЊЕ ПРЕКУ ФЕЈСБУК

    ИЗВЕСТУВАЊЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ЈАВНОТО ГЛАСАЊЕ ПРЕКУ ФЕЈСБУК

     ПРОЕКТ ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ И ЗАШТИТА НА ЖРТВИТЕ

    ИЗБОР НА НАЈДОБАР МУЛТИМЕДИЈАЛЕН

    ПРОИЗВОД НА ТЕМА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

    Мултимедијалниот производ со реден број 18 изработен од Валон Рамадани / Вулнет Рамадани / Дритон Синани / Мерал Јусуфи / Луан Дехари / Едон Јонузи / Арта Адеми / Бурим Рамадани / Петрит Ајдари / Рилинд Исени - Гимназија "Кирил Пејчиновиќ" - Тетово

    јавноста го избра за НАЈДОБАР МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ПРОИЗВОД НА ТЕМА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ со 13000 допаѓања. Победниците ќе добијат парична награда во вредност од 200 евра во денарска противредност. 

    Како дел од проектот ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ И ЗАШТИТА НА ЖРТВИТЕ беше објавен конкурс за избор на најдобар мултимедијален продукт на кој што аплицираа 32 производи. Право на учество имаа младите на возраст од 14 до 23 години од  Р. Македонија здружени во тимови или индивидуално.  Учесниците имаа можност да конкурираат со еден или повеќе мултимедијалени производи..

    Сите 32 производи се постирани на страната https://www.facebook.com/Избор-на-најдобар-мултимедијален-производ на која што онлајн публиката го избра најдобариот мултимедијален производ со ставање на like на самото видео. Гласањето за најдобар мултимедијален производ започна на 1 јуни и заврши на  31 јуни 2017.

     Другите 3 (три) најдобри идеи ќе бидат селектирани од  стручно жири  и ќе бидат наградени со парична награда:

    • 1 награда од стручно жири- од 150 евра.
    • 2 и 3 награда од стручно жири- од 100 евра.

    На 21 јули 2017 ќе бидат објавени наградените производи од страна на стручното жири.

    До 5 август 2017 година победниците ќе ги добијат своите парични средства. 
    Официјалното доделување на сертификати за награди ќе биде дополнително организирано.

    Дознајте повеќе!
  • СОС линија за помош при трговија со луѓе

    Информирајте се за трговијата со луѓе на нашата СОС линија!

    Дознајте повеќе!
  • СОЗДАДИ НАДЕЖ Хуманитарен базар на ракотворби


    СОЗДАДИ НАДЕЖ е мотото под кое во очи на Светскиот ден на бегалците ќе се одржи продажен хуманитарен базар на ракотворби кои ги изработиле бегалци. 
    139 лица бегалци и мигранти изработија преку 100 парчиња накит, украси и слики како дел од 15 работилници за арт терапија одржани во транзитните центри Табановце и Винојуг, како и во прифатниот центар Визбегово. 
    Ракотворбите ќе бидат на продажба, а собраните средства ќе се употребат за поддршка на потребите на бегалците и мигрантите во Македонија.
    Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, спроведен од Македонско здружение на млади правници во соработка со Отворена Порта - Open Gate: La Strada Macedonia ве кани да бидете дел од овој настан и да придонесете кон зајакнувањето на јавната свест за бегалците и кон добросостојбата на овие лица.
    USAID Macedonia #withrefugees #refugeeday 

    Дознајте повеќе!
  • Дознајте повеќе!
Видеа
  • МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
  • Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
    Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
  • КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
    КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
  • Спречи, Заштити, Надомести
    Спречи, Заштити, Надомести
  • Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
    Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
  • Банер Хана
    Банер Хана
Донатори
Top