Трговија со луѓе во светот

Трговијата со луѓе се појавила многу одамна, долго време се провлекува низ историјата, и за жал, и после еден толку долг период на развиток на човештвото таа се уште постои. Низ историјата трговијата со луѓе го менувала само својот назив но не и нејзината цел.

  За жал и денес некои луѓе се уште се раѓаат во ропство (така наречено наследно ропство), особено во делови од Западна Африка и Јужна Азија. Во 2013 година, модерно ропство има многу форми, и е позната по многу имиња. Без разлика дали тоа е наречено трговија со луѓе, принудна работа , ропство или практики слични на ропство ( категорија која вклучува должничко ропство, присилни или договорени бракови, продажба или експлоатација на деца) жртвите на модерно ропство не можат да ја уживаат слободата, и се користат и контролираат и експлоатираат од страна на друго лице за профит, секс, или доминација. Или со наједноставни зборови трговијата со луѓе претставува најсурово искористување на човечкото тело и труд со цел економско богатење на поединци.

Синџирите на модерното ропство не се секогаш физички - понекогаш ескалацијата на долгови, заплашување, измама, изолација, страв или дури ' брак' на кој што е принудена една млада жена или девојка без нејзина согласност може да се користи за да се држи лицето против своја волја, без потреба за брави или синџири. Модерно ропство е недоволно разбрано, па токму затоа останува скриено во рамките на домовите, заедницата или пак на полињата.

Криминалците се креативни и ги користат сите расположливи средства за да го прикријат, рационализираат, и да го оправдаат ропство - било да е тоа раса, етничка припадност, религија, пол, каста, ‘‘обичај "или било кој друг изговор или ранливост. Модерното ропство не е секогаш очигледно како што се некои други кривични дела, убиства па дури и кражба. Модерното ропство вклучува екстремна злоупотреба на моќта/ власта, што не е секогаш веднаш видливо и воедно бара пошироко разбирање на луѓето и на односите кои се вклучени.

Трговијата со луѓе е форма на модерно ропство каде што луѓето профитираат од контролата и експлоатацијата на другите. Трговијата со луѓе е криминал кој што често е непријавен поради неговата скриена природа, различни недоразбирања, во однос на неговото дефинирање и недостаток на свест за нејзините индикатори на локално ниво.

Според Глобалниот индекс за ропство 2013[1], 29,8 милиони луѓе се во модерно ропство во светот. Секоја година трговците со луѓе генерираат билиони долари профит експлоатирајќи милиони луѓе во цел свет. Трговијата со луѓе е препознаена како еден од најбрзо растечките криминални индустрии во светот. Како и трговијата со дрога и оружје така и трговијата со луѓе е водена од пазарот кој што се основа на принципот на понуда и побарувачка. Трговијата со луѓе е водена од побарувачката за евтина работна сила или сервиси или пак за сексуални услуги. Трговците со луѓе се тие кои што ги искористуваат жртвите во обидот да го остварат својот профит преку постоечката побарувачка. Уште се нарекува дека трговијата со луѓе е високо профитен и ниско ризичен криминал кој што ги предизвикува трговците.

Многу фактори ги прават децата и возрасните ранливи на трговија со луѓе. Како и да е, трговијата со луѓе не постои само поради тоа што многу луѓе се наоѓаат во ранлива позиција која што може да биде искористена.

Трговија со луѓе постои во секоја земја во светот, без оглед на социо -економскиот статус, историјата или политичка структура. Модерно ропство е глобално прашање . Некои земји имаат поголем проблем од другите, но всушност овој криминал влијае на сите нас. Трговијата со луѓе не познава границите, и производите на модерно ропство се прелеваат во глобалните ланци на снабдување, во локалните продавници, и на крајот во нашите домови.

Според Американското Министерство за труд идентификувани се 122 производи, во 58 земји кои што се произведени со принудна работа, детскиот труд, или и двете, кое што пак од друга страна ги предизвикува државите за искористување на моќта на потрошувачите за да се стави крај на широко распространета експлоатација со покренување на јавната свест за избирање на стоки кои не се извалкани со присилна работа или детски труд.

Многу од проблемите кои им помагаат на модерно ропство да се развива, се исто така глобални: корупција, конфликтите, сиромаштија, дискриминација и влијанието на сиромашните или во опаѓање економски услови и негативните еколошки промени.

Трговијата со луѓе претставува модерна форма на ропство на 21-иот век. Милиони жени, деца и мажи се принудени на проституција, домашно слугување, работа на полиња, питачење и на други видови на принуда. Трговците со луѓе го создадоа меѓународниот пазар за трговија со луѓе врз основа на високиот профити и побарувачката за комерцијален секс и евтина работна сила.

Според последниот извештај на МОТ[2] (Меѓународна организација на трудот) се проценува дека 20,9 милиони мажи, жени и деца се тргуваат со цел нивно искористување за целите на комерцијалниот секс или принудна работа во целиот свет денес и се наоѓаат во состојба која што не можат да ја напуштат, биле принудени или измамени, односно во секој даден момент во времето, околу три од секои 1. 000 лица во светот страдаат во принудна работа. Жртви се тргувани во и преку меѓународните граници. Иако повеќето форми на модерно ропство се нелегални во целиот свет, постојните статистики сугерира дека законите ретко се користат и спроведуваат. Според извештајот Трговија со луѓе 2013 на Стејт департмент на САД[3] се истакнува дека додека 46. 570 жртви на трговија со луѓе биле официјално идентификувани во 2012 година, имало само 7. 705 обвиненија, а 4750 обвинети на глобално ниво.

Всушност реалноста на модерно ропство е дека и денес милиони луѓе се во заробеништво, служејќи им на криминалците кои што ги контролираат.

Досега речиси секоја држава во светот се обврзала да ги спречи и искорени модерните форми на ропство применувајќи соодветни мерки (национални политики и закони, договор со меѓународни конвенции и сл. ).

„97 земји или 49. 7% од земјите членки на Обединетите Нации се дел од Конвенција за ропство од 1926 година;  23 земји или 63,7% од земјите членки на Обединетите Нации се дел од Дополнителна Конвенција за ропство од 1957 година;  176 земји или 91,1% од земјите членки на Обединетите нации се дел од Конвенцијата за присилни работни односи;  154 земји или 79,7% од земјите членки на Обединетите нации се дел од Протоколот на Обединетите нации за трговија со луѓе. ‘‘[4]

Се смета дека поединци, граѓански организации, како и синдикати имаат улога во решавањето на ова големо прекршување на човековите права, но само Владите на државите се тие кои имаат моќ да донесат кривични и други релевантни закони, како и да го распределат националниот буџет за финансирање и спроведување на законот.

[1] Достапно на: http: //www. globalslaveryindex. org/, Пристапено на: 10/12/2013
[2] “ILO Global Estimate of Forced Labour: Results and Methodology”, (2012), International Labour Organisation,/http: //www. ilo. org/wcmsp5/groups/public/---ed_norm/---declaration/documents/publication/wcms_181953. pdf
[3] Трговија со луѓе Извештај Јуни 2013 Стејт Департментот на САД : стр. 46 : http: //www. state. gov/documents/organization/210737. pdf
[4] The Global Slavery Index 2013, Достапно на: http: //cde. peru21. pe/doc/0/0/1/5/9/159661. pdf, Пристапено на: 16/06/2014

  • ЈАВЕН ПОВИК до граѓански организации за доделување грантови краен рок 14.09.2018

    Проектот „Стратешко партнерство за развивање социјална агенда за промена: Препознај, почитувај и остварувај права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта/Ла Страда, отвора јавен повик до граѓанските организации (ГО) за доделување грантови.

    Програмата за доделување грантови придонесува за главната цел на проектот, односно да го подобри граѓанскиот активизам и да ги зголеми капацитетите на организациите на граѓанското општество да станат активни чинители во подобрувањето на политиките за развој на човековите права и владеење на правото.

    Програмата ќе ги поддржи националните ГО во спроведувањето на целни локални активности за застапување кои ќе придонесат кон националните напори за подобрување на политиките и практиките на јавниот сектор, а кои ќе имаат одржливи резултати.

    Преку  грантовите ГО ќе се залагаат и ќе спроведуваат независно и објективно следење и истражување, развој на политики и ќе влијаат на процесите на донесување одлуки во јавноста. Преку повикот се очекува да се изградат транспарентни и одговорни граѓански организации, кои ќе го претставуваат гласот на граѓаните.

    Граѓанските организации ќе имаат можност да ја градат мрежата на своите партнери, соработници, поддржувачи и донатори за да обезбедат долгорочно одржување на нивните активности преку кои придонесуваат за јавниот интерес и остварувањето на сопствените мисии и визии. 

    Дополнително, оваа програма е креирана на начин што ќе овозможи ГО да ги градат своите капацитети  особено во поглед на собирање податоци, анализа, мониторинг и застапување. Низ проектниот циклус се очекува грантистите да ги прошират и своите капацитети и способности за управување со грантови финансирани од ЕУ.

    Право на учество согласно критериумите за подобност имаат домашни граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации што се регистрирани најмалку шест месеци пред објавата на овој повик.

    Рокот за поднесување на апликациите е најдоцна до 14.09.2018 до 16 часот (до овој рок апликацијата треба да e поднесена до Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе- Отворена порта/Ла Страда - Скопје). Апликациите се доставуваат во еден примерок по пошта, курир или лично на адреса: ул.Сава Ковачевиќ 1а, 1000 Скопје. Секој апликант може да достави само една апликација во рамки на повикот. Апликантите можат да бидат ко-апликанти во една друга апликација. Минималната сума за која може да се аплицира е 307 250,00 ден, а  максималната 491 600,00 ден.

    Целокупни информации за целите, активностите, критериумите за доделувањето на грантовите, се наоѓаат во програмата. Дополнителни информации и прашања се поставуваат на e–mail: lastrada@lastrada.org.mk согласно насоките во упатството за апликанти.

    Согласно Јавниот повик, апликантите доставуваат:

     

    Сите потребни документи се достапни за преземање од www.lastrada.org.mk

    Се замолуваат ГО да го проследат овој повик до сите заинтересирани соработници формирани согласно Законот за здруженија и фондации. Информативни  средби  во врска со повикот ќе се оддржат во два града.

    Дознајте повеќе!
  • Регионална работилница за практична употреба на Унифицирани Стандардно Оперативни Процедури

    Регионална работилница за практична употреба на Унифицирани Стандардно Оперативни Процедури за прекугранична координација и соработка за заштита на жртвите и   потенцијалните жртви на трговија со луѓе, со посебен фокус на децата организирана од   Здружението на граѓани Отворена Порта Ла Страда Македонија.

    Работилницата се спроведува во рамки на проектот “Подобрување на сервисите и   подигнување на свеста за борба против трговијата со луѓе на Балканот, Албанија, Македонија, Црна Гора и Косово“, финансиран од Соединетите Американски Држави, преку Ј/ TiP програма.

    Дознајте повеќе!
  • Заштита на бегалците и мигрантите преку информирани и сензибилизирани заедници

                  

    Како  дел од проектот “Заштита на бегалците и мигрантите преку информирани и сензибилизирани заедници”, Отворена Порта спроведоа  8 форум театри со младите и пошироката јавност со цел да се ​​зголеми света кај заедницата особено кај младите за положбата на бегалците и мигрантите во нивниот процес на миграција и тешкотиите со кои тие се соочуваат во земјите на транзитирање и прием.

    Форум театрите се спроведоа во 8 основни училишта во Македонија и тоа во: Куманово, Кавадарци, Демир Хисар, Битола, Ново Маало-Струмица, Василево-Струмица и Скопје. За време на овие настапи децата не само што беа пасивни гледачи, туку и имаа можност да учествуваат во некои сегменти на претставата и да дадат сопствени мислења и решенија за можните начини за спречување на трговијата со луѓе.

    Проектот е имплементиран од страна на Отворена порта/Ла Страда и е поддржан од проектот “Capacity development for Selected actors working with asylum seekers in Serbia and Macedonia”, кој е воспоставен од German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ), а имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ).

     

    Дознајте повеќе!
  • ЕФИКАСНА АСИСТЕНЦИЈА И УПАТУВАЊЕ НА КОРИСНИЦИТЕ НА СОС УСЛУГИТЕ

    Отворена порта / Ла Страда на 13-14 јуни.2018, спроведе дводневна обука наречена "ЕФИКАСНА АСИСТЕНЦИЈА И УПАТУВАЊЕ НА КОРИСНИЦИТЕ НА СОС УСЛУГИТЕ"", во соработка со  3 линии за помош: СОС линија за проблеми со зависноста од дрога, СОС линија за деца и адолесценти и СОС линии за жртви на семејно насилство.

    Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите на СОС операторите и дополнително да се создаде група на волонтери кои што ќе имаат соодветни знаења и вештини за обезбедување на емоционална поддршка, советување и упатување.

                    

    Дознајте повеќе!
  • Градење на капацитетите на давателите на услуги за директна поддршка на жртвите на насилство

    На 26 и 27 април 2018 , Отворена Порта спроведе обука на тема „Градење на капацитетите на давателите на услуги за директна поддршка на жртвите на насилство“.24 професионалци, психолози и социјални работници ги зголемија своите  знаења и вештини за работа со жртви на насилство.

      

    Дознајте повеќе!
  • ToR national consultant for action plan and training on the Unified SOPs Macedonia
    Дознајте повеќе!
Видеа
  • МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
  • Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
    Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
  • КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
    КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
  • Спречи, Заштити, Надомести
    Спречи, Заштити, Надомести
  • Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
    Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
  • Банер Хана
    Банер Хана
Донатори
Top