Програмa - Превенција и Eдукација

 

Отворена Порта во рамките на своите активности става акцент на кампањата за превенција и едукација како основен предуслов за заштита на младите од трговија со луѓе. Поради фактот што старосната граница на жртвите е драстично намалена и се поголем број на жртви се деца, „Отворена порта“ во последниве години во своите превентивни активности се насочува кон децата. Отворена Порта спроведува превентивни и едукативни активности помеѓу ранливата популација во училиштата и останатите институции, подобрувајќи го нивното знаење, вештини и способности.  Активностите се однесуваат на:

  • превентивни работилници со децата под ризик, преку посета на основни и средни училишта, факултети
  • обуки за врснички едукатори
  • дистрибуција на превентивно едукативен материјал,
  • информирање, советување и поддршка преку единствената, бесплатна СОС телефонска линија во државата
  • обука на професионалците од полицијата, центрите за социјална работа, образовните институции, медиумите,членките на националната мрежа од невладини организации БУДНОСТ за борба против трговија со луѓе и сите оние кои можат да дадат свој придонес и да им помогнат на тргуваните лица.

 

  • СОЗДАДИ НАДЕЖ Хуманитарен базар на ракотворби


    СОЗДАДИ НАДЕЖ е мотото под кое во очи на Светскиот ден на бегалците ќе се одржи продажен хуманитарен базар на ракотворби кои ги изработиле бегалци. 
    139 лица бегалци и мигранти изработија преку 100 парчиња накит, украси и слики како дел од 15 работилници за арт терапија одржани во транзитните центри Табановце и Винојуг, како и во прифатниот центар Визбегово. 
    Ракотворбите ќе бидат на продажба, а собраните средства ќе се употребат за поддршка на потребите на бегалците и мигрантите во Македонија.
    Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, спроведен од Македонско здружение на млади правници во соработка со Отворена Порта - Open Gate: La Strada Macedonia ве кани да бидете дел од овој настан и да придонесете кон зајакнувањето на јавната свест за бегалците и кон добросостојбата на овие лица.
    USAID Macedonia #withrefugees #refugeeday 

    Дознајте повеќе!
  • ЈАВЕН ПОВИК за избор на најдобар мултимедијален производ на тема „Трговија со луѓе

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта
    објавува:

    ЈАВЕН ПОВИК
    за избор на најдобар мултимедијален производ на тем
    „Трговија со луѓе“

    Предмет на јавниот повик е избор на 3(три) најдобри мултимедијални производи на тема ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ. Младите од Р. Македонија може да аплицираат на конкурсот со мултимедијален производ кој што користи компјутер и било која комбинација од три или повеќе од следниве дигитални медиумски видови: текст, звук, видео, графика и анимација. Креативниот и иновативниот мултимедијалниот производ треба да биде од едукативен и информативен карактер и да ја обработува темата трговија со луѓе.  За повеќе информации отворете го следниов линк: Јавен оглас за мултимедијален производ.pdf

    Дознајте повеќе!
  • ЈАВЕН ПОВИК за избор за најдобра новинарска статија на тема ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта
    објавува:

    ЈАВЕН ПОВИК
    за избор за најдобра новинарска статија на тема
    ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

    Здружението на граѓани „Отворена Порта‘‘  распишува јавен повик за избор за најдобра новинарска статија на темата ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ. Оваа награда има за цел да придонесе во борбата против трговијата со луѓе и да ја зголеми јавната свест во однос на овој проблем и да ја подобри идентификацијата.

    за повеќе информации отворете го следниов линк: Јавен оглас за новинари.pdf

    Дознајте повеќе!
  • Соочување со траумата преку арт терапија- работилница за бегалци и мигранти

    Во периодот од 6ти до 10ти февруари, во Центарот за баратели на азил во Визбегово се одржаа пет од петнаесет планирани работилници наменети за бегалците и мигрантите баратели на азил, со методот на терапија со уметност- или арт терапија.

     

     На овие работилници учествуваат 45 лица на различни возрасти, кои доаѓаат од Сирија, Иран и Косово. Арт терапијата претставува креативен пристап кон соочувањето со доживеана траума. Учесниците имаат прилика да изработуваат накит, да цртаат и сликаат, притоа комуницирајќи со терапистите, во разговор, но и преку уметничката творба. Приодот на арт терапијата овозможува лицето и терапистот да се поврзат преку творбата, која претставува фокус за дискусија и анализа.

     

    Дополнителна цел на овие работилници е да ја подигнат самодовербата, но и јавната свест за сериозноста на состојбата во која се наоѓаат бегалците и мигрантите. Работилниците се дел од Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, спроведен од страна на Македонско здружение на млади правници во соработка со Отворена порта/Ла Страда.

                                             

     

     

     

    Дознајте повеќе!
  • Огласот е затворен -ОГЛАС ЗА ПРИВРЕМЕНО АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНИ НАСТАНИ „СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ ПРИКАЗНИ“
    Дознајте повеќе!
  • Дознајте повеќе!
Видеа
  • МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
  • Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
    Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
  • КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
    КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
  • Спречи, Заштити, Надомести
    Спречи, Заштити, Надомести
  • Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
    Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
  • Банер Хана
    Банер Хана
Донатори
Top