Процесот на трговија со луѓе

Како се случува?

Првата алка во процесот на трговија со луѓе е фазата на регрутација. Злоупотребувајќи ја невиноста и наивноста на младите луѓе кои сакаат да ја подобрат својата иднина, да имаат авантуристички и возбудлив живот, да видат нови места и да запознаат нови култури, трговците секојдневно регрутираат нови лица во трговијата со луѓе. Регрутирањето (вовлекувањето) во трговијата со луѓе се врши преку користење на различни методи како, на пример: лажни привлечни понуди за работа, лажни аранжмани за патување, склучување на лажни бракови па сè до продавање на жртвата од страна на родителите/старателите, пријатели, познаници или непознати лица.
       Следната алка во процесот на трговија со луѓе е фаза на пренесување на жртвите од еден град во друг или од една држава во друга. Најчесто причина за тоа е што пренесувањето  на жртвите од местото на потекло во друго место им овозможува на трговците оттргнување на жртвата од нивната основна средина и познато опкружување и придонесува за поголема контрола врз нив.
Сите претходно преземени дејства од страна на трговците водат кон последната алка во процесот и имаат една единствена цел, а тоа еексплоатација. Експлоатацијата најчесто започнува да се извршува во местото на дестинација и овозможува остварување на најголемиот мотив на трговците - стекнување на економски профит. Целта на трговците е остварување на профит преку експлоатација на други лица којашто може да се извршува на различни начини; сексуална експлоатација, трудова експлоатација , принудно питачење, принуда за извршување кривични дела, илегално посвојување, принудни бракови, трговија со органи или некој друг облик.
Со цел обезбедувањето на покорност, послушност и контрола врз жртвата трговците користат насилство (психичко, физичко и сексуално) уцени и заплашувања, закани (како по нејзиниот живот така и по животите на нејзиното потесно семејство), одземање на личните документи, изолација од средината, контролирање на движењето како и создавање на зависност преку користење на дрога и алкохол.

Најчест начин на контрола на жртвите е таканареченото должничко ропство. На жртвата и се укажува дека од страна на трговецот била исплатена одредена сума пари за патувањето во местото на дестинација, сума којашто се зголемила поради каматата и трошоците коишто секојдневно се трошат за нејзиното живеење. Жртвата постојано се држи во уверување дека штом се исплати износот може да си ја поврати слободата. 

  • Стратешки партнерства за развивање на социјална агенда за промени

     

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе - Отворена порта Ла страда, го промовираше проектот Стратешки партнерства за развивање на социјална агенда за промени: Препознај, почитувај и остварувај права“ финансиран од Европската Унија.

    Неговото спроведување треба да овозможи зајакнување на граѓанските организации во Македонија, како и нивна можност за финансирање преку програма за ре-грантирање за поддршка на здруженија на граѓани кои што делуваат во областа на заштитата на човековите права (жени, деца, социјални права, миграција, организиран криминал вклучувајќи ја и трговијата со луѓе и експлоатацијата).

    Дознајте повеќе!
  • Open call for Consultancy

    Open call for Consultancy for the Guide on referral system/social service delivery for migrants

    Title: IRIS NETWORKing - CSOs for protection sensitive migration management

    Дознајте повеќе!
  • ПОВИК ЗА ОБУКА

    Дознајте повеќе!
  • Меѓународен ден на жената 8 март Почитување на правата на жените работнички и искоренување на трудовата експлоатација

    Меѓународен ден на жената  8 март 
    Почитување на правата на жените работнички и искоренување на трудовата експлоатација

    Овој 8 ми март го посветуваме на жените работнички од текстилната и кожарската индустрија  и повикуваме на почитување на работничките права и искоренување на трудовата експлоатација која што се случува во Македонија.

    Текстилната индустрија е најголема извозна индустрија во Македонија која допринесува економска стабилност, производство, работа, извоз. Податоците од теренските истражувања што Отворена Порта ги направи во 2015/2016 за текстилната и кожарската индустрија укажуваат на полова дискриминација, односно жени работници кои заработуваат помалку од нивните машки колеги за работа со еднаква вредност. Жените претежно се наоѓаат во  безизлезна состојба и не можат да излезат  од услови на сиромаштија со речиси никакви можности за работа. Ниските плати вршат структурно, економско насилство врз работниците, особено врз жените. Зависноста е клучен збор тука,  главно за илјадниците жени принудени да останат на работното место, без разлика колку се лоши условите за работа.  Ниските плати, исто така, резултираат со сиромаштија која  двојно и тројно ги оптоварува  жените работнички. На пример повеќе жени работнички од  Македонија споделија дека покрај работата во фабрика , мора да се ангажираат и во земјоделството за да преживеат.

    За жал многу ретко работниците пријавуваат прекршување на работничките права и трудова експлоатација, најмногу поради страв да не  ја загубат работата или поради недоверба во институциите и судството.

    Ние го осудуваме пазарот кој ги експлоатира и прекршува правата на жените работнички особено во текстилната и кожарската индустрија.  

    Ние сметаме дека Владата треба да посвети повеќе внимание на мерките за сузбивање на трудовата експлоатација,  заштитата на човековите права, вклучувајќи ги и работничките права  и истите да бидат приоритет во нејзината работа.

    Како организација ќе продолжиме да ги заштитуваме и да се бориме за правата на жените работнички,  жртвите на трудова експлоатација и трговија со луѓе.  Ве потсетуваме дека истражувањето на Отворена порта можете да го проследите на следниов линк: http://www.lastrada.org.mk/mainarchive/The-real-cost-of-our-shoes-REPORT-SUPER-LOW.pdf

     

    Дознајте повеќе!
  • Превенција од трговија со деца преку обработка на едукативен филм Набљудувачи

    Отворена Порта спроведе низа на работилници во 12 средни училишта во Скопје и Куманово, каде младите- средношколци имаа можност да го проследат филмот „Набљудувачи“ и да дискутираат на тема превенција од трговија со луѓе. 
    Филмот набљудувачи е 36 минутен филм , снимен во форма на колаж, кој се состои од 3 различни приказни за трговија со деца и млади. Филмот е од едукативен карактер и во последните секвенции од приказната се прикажува еден од многуте начини на конструктивно разрешавање на ситуацијата во кое се нашло детето/младата личност , и којашто не би довела до искуство со трговија со луѓе. 
    Низ овој пристап на анализа на филмот со учениците, се испраќа јасна порака дека некои различни ситуации во кој може да се најде било која млада личност, кој се дел од секојдневниот живот, можат да доведат до позитивни или негативни искуства , зависно од начинот на кој реагираат сите клучни актери во таа ситуација(семејството, младите, заедницата, стручниот персонал од училиштата, наставниците) кои се грижат за благосостојбата на детето. 
    Преку гледањето на филмот и дискусија со учениците се овозможува да се разбере сложеноста на феноменот на трговија со луѓе и да се согледаат можните начини за заштита и намалување на ризикот од трговија со деца. 
    Активностите беа организирани во партнерство со Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје.
    Превенција од трговија со деца преку обработка на едукативен филм Набљудувачи. 

        

    За да го погледнете филмот ве молиме отворете го следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=Thb6Ccot9as 

     

    Дознајте повеќе!
  • Нова регионална иницијатива на ИРИС МРЕЖА

    Нова регионална иницијатива на ИРИС  МРЕЖА

    Заеднички состанок, Скопје, 02.март 2018, домаќин Отворена порта

    Целта на состанокот е преставување на  новите можности на соработка и поддршка на членовите на ИРИС мрежата.

    Повеќе за проектот можете да погледнете на следниов линк: http://iris-see.eu/new-regional-initiative-of-the-iris-network-csos-for-protection-sensitive-migration-management/

    Дознајте повеќе!
Видеа
  • МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
  • Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
    Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
  • КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
    КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
  • Спречи, Заштити, Надомести
    Спречи, Заштити, Надомести
  • Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
    Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
  • Банер Хана
    Банер Хана
Донатори
Top