Причини и последици од трговија со луѓе

 

ПРИЧИНИ ЗА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Постојат голем број причини за појава на трговијата со луѓе. Најчесто, тие се одредени од бројни политички, економски, социјални и културни фактори.
Трговијата со луѓе функционира на принципот понуда и побарувачка.
Од една страна, во земјите на потекло постојат поттикнувачки фактори (невработеноста, сиромаштијата, социјалната исклученост, ситуации на воени конфликти и угнетување, недостаток на политичката, социјалната и економската стабилност, семејното насилство, половата дискриминација, недостаток на пристап до образование и информации итн.) коишто влијаат на луѓето да мигрираат во некој друг град или држава во потрага по подобар живот или, едноставно, во борбата за опстанок.
Од друга страна, во развиените и богати земји, односно земји на дестинација, пак,  постои голема побарувачка за евтини производи, евтина работна сила и евтини услуги (повлекувачки фактори). Организираните криминални групи си нашле свој интерес и можност за остварување на огромна заработка со поврзување на  понудата и побарувачката.

Сите овие причини прдонесуваат до зголемување на (желбата за) миграцијата, меѓутоа, во услови на ограничени можности за легална миграција поради бројните репресивни политики, луѓето користат разни криумчарски канали и посредници изложувајќи се на измама, насилство, злоупотреба и експлоатација.
Воедно, постојат и таканаречени „универзални фактори“ коишто, исто така, имаат свој удел во развојот на трговијата со луѓе. Отсуство на информации за трговијата со луѓе како и вистинити информации за можностите во странство, корупција на владините претставници во земјите на потекло, транзит и дестинација одговорни за борба против трговија со луѓе, непостоење на инкриминација на трговијата со луѓе во одредени земји, или, пак, несоодветна казнена политика за сторителите,  строгите визни  и имиграциони режими, како и несоодветните капацитети на лицата коишто се задолжени да го спроведуваат законот и да ги контролираат границите доведуваат до олеснување на дејствувањето на трговијата со луѓе и зголемување на ранливоста кај населението.

ПОСЛЕДИЦИ

Трговијата има сериозни негативни последици врз физичкото и психичкото здравје на жртвата. Колку подолго жртвите остануваат под контрола на  трговците, потешки и подолготрајни се последиците од нивната траума. 

Жртвите во процесот на трговијата со луѓе биле злоупотребувани и експлоатирани  во специфични услови што може да резултира со краткорочни и долгорочни, полесни или потешки, психички и физички повреди, болести и инфекции, особено полово преносливи или, пак, ХИВ-вируси, а понекогаш тоа оди дотаму што резултира дури и со инвалидитет и смрт. Симптомите како анксиозност, депресија, отуѓеност, дезориентација, агресија и тешкотии со концентрацијата се директна последица  од дологорочни и повторувачки трауматски искуства што ги искусиле жртвите на трговија со луѓе. Студиите укажуваат на тоа дека повредите и траумите стекнати во процесот на трговијата со луѓе можат да се присутни и долго по излегувањето на лицето од ситуацијата на експлоатација, особено ако не е обезбедена соодветна поддршка и советување.
Рехабилитацијата и реинтеграцијата на жртвите од трговијата со луѓе е долгорочен и комплексен процес кој со сигурност не може да гарантира успех. Дури и кога физички проблемите можат да се решат а стигмата да се надмине, траумата и психолошката штета го отежнуваат целиот процес на заздравување кој и онака е дополнително отежнат од проблемите со достапноста на услугите. Некои жртви не можат да се приспособат на начинот на живот што претходно го сметале за „нормален“.
Правата на жртвите често продолжуваат да се прекршуваат дури и откако истите ќе излезат од ситуација на експлоатација и трговија, односно во многу случаи тие се соочуваат со повторна виктимизација. Имено, во многу земји сè уште заштитата што им се обезбедува на тргуваните лица директно е условена од нивната соработка со властите. Меѓутоа, условната заштита стои во противречност со пристапот на човековите права, при што на жртвите на експлоатацијата им гарантира безусловна поддршка и почитување на нивните права и се спротивставува на употребата на тргуваните лица само како на инструменти во кривичната постапка.
 

  • СОЗДАДИ НАДЕЖ Хуманитарен базар на ракотворби


    СОЗДАДИ НАДЕЖ е мотото под кое во очи на Светскиот ден на бегалците ќе се одржи продажен хуманитарен базар на ракотворби кои ги изработиле бегалци. 
    139 лица бегалци и мигранти изработија преку 100 парчиња накит, украси и слики како дел од 15 работилници за арт терапија одржани во транзитните центри Табановце и Винојуг, како и во прифатниот центар Визбегово. 
    Ракотворбите ќе бидат на продажба, а собраните средства ќе се употребат за поддршка на потребите на бегалците и мигрантите во Македонија.
    Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, спроведен од Македонско здружение на млади правници во соработка со Отворена Порта - Open Gate: La Strada Macedonia ве кани да бидете дел од овој настан и да придонесете кон зајакнувањето на јавната свест за бегалците и кон добросостојбата на овие лица.
    USAID Macedonia #withrefugees #refugeeday 

    Дознајте повеќе!
  • ЈАВЕН ПОВИК за избор на најдобар мултимедијален производ на тема „Трговија со луѓе

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта
    објавува:

    ЈАВЕН ПОВИК
    за избор на најдобар мултимедијален производ на тем
    „Трговија со луѓе“

    Предмет на јавниот повик е избор на 3(три) најдобри мултимедијални производи на тема ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ. Младите од Р. Македонија може да аплицираат на конкурсот со мултимедијален производ кој што користи компјутер и било која комбинација од три или повеќе од следниве дигитални медиумски видови: текст, звук, видео, графика и анимација. Креативниот и иновативниот мултимедијалниот производ треба да биде од едукативен и информативен карактер и да ја обработува темата трговија со луѓе.  За повеќе информации отворете го следниов линк: Јавен оглас за мултимедијален производ.pdf

    Дознајте повеќе!
  • ЈАВЕН ПОВИК за избор за најдобра новинарска статија на тема ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта
    објавува:

    ЈАВЕН ПОВИК
    за избор за најдобра новинарска статија на тема
    ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

    Здружението на граѓани „Отворена Порта‘‘  распишува јавен повик за избор за најдобра новинарска статија на темата ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ. Оваа награда има за цел да придонесе во борбата против трговијата со луѓе и да ја зголеми јавната свест во однос на овој проблем и да ја подобри идентификацијата.

    за повеќе информации отворете го следниов линк: Јавен оглас за новинари.pdf

    Дознајте повеќе!
  • Соочување со траумата преку арт терапија- работилница за бегалци и мигранти

    Во периодот од 6ти до 10ти февруари, во Центарот за баратели на азил во Визбегово се одржаа пет од петнаесет планирани работилници наменети за бегалците и мигрантите баратели на азил, со методот на терапија со уметност- или арт терапија.

     

     На овие работилници учествуваат 45 лица на различни возрасти, кои доаѓаат од Сирија, Иран и Косово. Арт терапијата претставува креативен пристап кон соочувањето со доживеана траума. Учесниците имаат прилика да изработуваат накит, да цртаат и сликаат, притоа комуницирајќи со терапистите, во разговор, но и преку уметничката творба. Приодот на арт терапијата овозможува лицето и терапистот да се поврзат преку творбата, која претставува фокус за дискусија и анализа.

     

    Дополнителна цел на овие работилници е да ја подигнат самодовербата, но и јавната свест за сериозноста на состојбата во која се наоѓаат бегалците и мигрантите. Работилниците се дел од Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, спроведен од страна на Македонско здружение на млади правници во соработка со Отворена порта/Ла Страда.

                                             

     

     

     

    Дознајте повеќе!
  • Огласот е затворен -ОГЛАС ЗА ПРИВРЕМЕНО АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНИ НАСТАНИ „СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ ПРИКАЗНИ“
    Дознајте повеќе!
  • Дознајте повеќе!
Видеа
  • МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
  • Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
    Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
  • КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
    КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
  • Спречи, Заштити, Надомести
    Спречи, Заштити, Надомести
  • Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
    Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
  • Банер Хана
    Банер Хана
Донатори
Top