Новости
Огласот е затворен -ОГЛАС ЗА ПРИВРЕМЕНО АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНИ НАСТАНИ „СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ ПРИКАЗНИ“

ОГЛАС ЗА ПРИВРЕМЕНО АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТИ

 ANNEX I- Bio Data_template

ANNEX II Organisation and Methodology

ANNEX III Budget Proposal

  • Инсталација Handle With Care

     

                  

    Петок, 2,ноември во Националната галерија на Македонија -Мала станица, успешно ја отворивме уметничката инсталација "Handle with Care“. Им благодариме на сите граѓани, институции, граѓански и меѓународни организации кои дојдоа да го проследат настанот и да ја поддржат иницијативата. 
    Пораките беа јасни, потребно е заеднички да продолжиме со напорите против трговија со луѓе како на меѓународно така и на национално ниво. Треба да обезбедиме навремено препознавање на трговијата со луѓе и да обезбедиме безрезервна заштита на жртвите. 
    Продолживме на 3 ноември, со панел дискусија, со претставници од МТСП, ХОПС, Коалиција на маргините, Отворена Порта / Ла Страда и останатите учесници претежно млади професионалци и други граѓани. 
    Се согласивме дека трговијата со луѓе не треба да биде табу тема. Почитувањето на женските права, зајакнување и поддршка на жените и девојчињата и родовата еднаквост треба да бидат во центарот на напорите за спречување на трговијата со луѓе и експлоатацијата.

    За сите оние кои немаа можност да не посетат во Скопје, тоа можете да го направите во Тетово на 7/8/9.11.2018 во Центар за балканска соработка- и Битола на 13/14/15.11.2018 - НУ Центар за култура. Овој патувачки проект продолжува да се движи, во соработка со Здружението Женски Форум Тетово и ЗГ Семпер Битола. Ве очекуваме да не посетите.

    Проектот и инсталацијата Handle With Care е иницијатива на уметничките Patricia Kaersenhout and Jimi ChimiChurriJimini Hignett како дводелна изложба во Tropenmuseum во Амстердам како дел од изложбата за комеморација на 150 годишнината од укинување на ропството во Холандија. Проектот е организиран од страна на Отворена Порта со поддршка на Амбасадата на Кралството на Холандија во Македонија и Тирана и има за цел да ја подигне свесноста за трговијата со луѓе помеѓу граѓаните, особено младите во Р. Македонија.

    Дознајте повеќе!
  • Leaving no one behind in the process of EU enlargement to the Western Balkans

    As part of the #Social_Dimension_InitiativeASB South East Europe is organizing a Regional Opening Conference that will gather all WB countries in one idea: #Leaving_no_one_behind in the Process of EU Integration

    More information about SDI on link: 
    https://asb-see.org/leaving-no-one-behind-in-the-process-o…/

    Stay tuned!

    Дознајте повеќе!
  • Мрежата ИРИС ги обединува граѓанските организации во Македонија за да ги подобрат социјалните услуги !

                                         

     На 28.09.2018, на партнерскиот состанок, Регионалната мрежа ИРИС ги обедини 18 Граѓански организации од Македонија кои што во наредните четири години ќе се залагаат  да ги подобрат социјалните услуги наменети за ранливите категории на Мрежата ИРИС во Македонија ќе се залага да ја зајакне улогата на граѓанските организации кои обезбедуваат различни видови на социјални услуги и ќе ги поттикне да земат активно  учество во градењето на социјалните политиките за различни ранливи групи низ цела Југоисточна Европа и да осигура дека овие организации се признаени како еднакви партнери од страна на јавниот сектор.

    На  состанокот организациите се согласија дека ќе ги обединат своите сили со цел да обезбедат:

    • Зголемен квалитет на социјалните и правните услуги што ги обезбедуваат преку градење на капацитетите
    • Зголемена социјална кохезија на локалните заедници преку иницијативи за мрежно поврзување на граѓанското општество
    • Зајакната национална / регионална координација на ГО и јавните институции во управувањето со миграцијата
    • Влијанија врз процесите на реформите во социјалната свера.

      

     

    Дознајте повеќе!
  • ОГЛАС ЗА ПРИВРЕМЕНО АНГАЖИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПРОМОТЕРИ

                                                                      

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе - Отворена Порта објавува оглас за привремено ангажирање на 10 локални промотери за работа на проектот „Обединети против насилство и трговија со луѓе“. Локалните промотори ќе бидат ангажирани за поддршка на имплементацијата на локални младински кампањи.  За повеќе информации: ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПРОМОТЕРИ

    Заинтересираните кандидати потребно е да испратат мотивациско писмо и кратка биографија за пријава на огласот најдоцна до 31.октомви.2018 на адреса: lastrada@lastrada.org.mk , со назнака “Пријава за оглас – промотер

    Дознајте повеќе!
  • Состанок на Отворена Порта со претставници на #Здружение_на_социјални_работници_на_Македонија

    Состанок на Отворена Порта со претставници на #Здружение_на_социјални_работници_на_Македонија со цел потпишување на меморандумот за соработка.
    Здружението на социјални работници на Македонија - кои делуваат во делот на подобрување и афирмација на социјалната работа на национално ниво и целокупниот систем на социјална заштита се приклучи во остварувањето на визијата и мисијата на мрежата И Iris-Mk Network за унапредување на социјалните услуги во Република Македонија .

    Open Gate's meeting with representatives from the #Association_of_social_workers_of_Republic_of_Macedonia with aim to sign the memorandum for cooperation
    The Association of social workers from The Republic of Macedonia - who are acting in the area of improvement and affirmation of social work at a national level, and the entire system of social protection, joined in the realization of the vision and mission of the Iris-Mk Network for the promotion of social services in the Republic of Macedonia.

    Дознајте повеќе!
  • Одговори на добиените прашања од јавниот повик за доделување грантови на граѓански организации во рамки на проектот

    „Стратешко партнерство за развивање социјална агенда за промена: Препознај, почитувај и остварувај права“

    Проектот „Стратешко партнерство за развивање социјална агенда за промена: Препознај, почитувај и остварувај права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта/Ла Страда, отвори јавен повик до граѓанските организации (ГО) за доделување грантови со рок за доставување до 14.09.2018.

    Повикот можете да го погледнете на следниот линк.

    Овој документ ги содржи сите поставувани прашања и нивните одговори поврзани со јавниот повик добиени од страна на граѓанските организации:

    Одговори на добиените прашања од јавниот повик 

     

     

     

     

    Дознајте повеќе!
Видеа
  • МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
  • Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
    Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
  • КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
    КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
  • Спречи, Заштити, Надомести
    Спречи, Заштити, Надомести
  • Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
    Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
  • Банер Хана
    Банер Хана
Донатори
Top