Новости
Реинтеграција на жртвите од трговија со луѓе

Реинтеграција на жртвите од трговија со луѓе

Отворена Порта на 15 јуни 2015 во Скопје ги собра на едно место клучните актери од институциите, граѓанските и меѓународните организации во Македонија кои што работат на реинтеграција на жртвите од трговија со луѓе.

Целта на овој собир беше да ги презентира најважните резултати од програмата за реинтеграција на жртви на трговија со луѓе која што се спроведуваше во периодот  2007-2014 и нејзиното влијание врз тргуваните лица. Дополнително, на средбата се дискутираше за предизвиците и неопходните чекори кои што треба да бидат превземени во иднина.

Во текот на настанот беше промовирана и публикација Животот по трговијата со луѓе во која се сумирани  најважните резултати од програмата за реинтеграција на жртви на трговија со луѓе и нејзиното влијание врз тргуваните лицаи како и во поопшти рамки на реинтеграција на Балканот. Публикацијата ги потенцира главните постигнувња и лекции научени во последните осум години и целата публикација може да биде симната тука. Оваа публикација е изработена и финански издадена од страна на King Baudouin Foundation (KBF) од Белгија.  

Со цел да се прекине кругот на трафикуваните лица и да се оди на под дирекна и краткотрајна аситенција на жртвите и да се инвестира на нивното долгорочно социо-економско вклучување, KBF ја постави Ре/интеграциската програма на тргуваните лица (TVRP) која финансики поддржа ре/интеграциска шема во седум земји во Балканот. Помеѓу 2007 и 2014 повеќе од 2000 тргуваните лица и нивните семејства низ Балканот имаа бенифит од таквиот “tailor-made inclusion”програма.

 

  • ЈАВЕН ПОВИК до граѓански организации за доделување грантови краен рок 14.09.2018

    Проектот „Стратешко партнерство за развивање социјална агенда за промена: Препознај, почитувај и остварувај права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта/Ла Страда, отвора јавен повик до граѓанските организации (ГО) за доделување грантови.

    Програмата за доделување грантови придонесува за главната цел на проектот, односно да го подобри граѓанскиот активизам и да ги зголеми капацитетите на организациите на граѓанското општество да станат активни чинители во подобрувањето на политиките за развој на човековите права и владеење на правото.

    Програмата ќе ги поддржи националните ГО во спроведувањето на целни локални активности за застапување кои ќе придонесат кон националните напори за подобрување на политиките и практиките на јавниот сектор, а кои ќе имаат одржливи резултати.

    Преку  грантовите ГО ќе се залагаат и ќе спроведуваат независно и објективно следење и истражување, развој на политики и ќе влијаат на процесите на донесување одлуки во јавноста. Преку повикот се очекува да се изградат транспарентни и одговорни граѓански организации, кои ќе го претставуваат гласот на граѓаните.

    Граѓанските организации ќе имаат можност да ја градат мрежата на своите партнери, соработници, поддржувачи и донатори за да обезбедат долгорочно одржување на нивните активности преку кои придонесуваат за јавниот интерес и остварувањето на сопствените мисии и визии. 

    Дополнително, оваа програма е креирана на начин што ќе овозможи ГО да ги градат своите капацитети  особено во поглед на собирање податоци, анализа, мониторинг и застапување. Низ проектниот циклус се очекува грантистите да ги прошират и своите капацитети и способности за управување со грантови финансирани од ЕУ.

    Право на учество согласно критериумите за подобност имаат домашни граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации што се регистрирани најмалку шест месеци пред објавата на овој повик.

    Рокот за поднесување на апликациите е најдоцна до 14.09.2018 до 16 часот (до овој рок апликацијата треба да e поднесена до Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе- Отворена порта/Ла Страда - Скопје). Апликациите се доставуваат во еден примерок по пошта, курир или лично на адреса: ул.Сава Ковачевиќ 1а, 1000 Скопје. Секој апликант може да достави само една апликација во рамки на повикот. Апликантите можат да бидат ко-апликанти во една друга апликација. Минималната сума за која може да се аплицира е 307 250,00 ден, а  максималната 491 600,00 ден.

    Целокупни информации за целите, активностите, критериумите за доделувањето на грантовите, се наоѓаат во програмата. Дополнителни информации и прашања се поставуваат на e–mail: lastrada@lastrada.org.mk согласно насоките во упатството за апликанти.

    Согласно Јавниот повик, апликантите доставуваат:

     

    Сите потребни документи се достапни за преземање од www.lastrada.org.mk

    Се замолуваат ГО да го проследат овој повик до сите заинтересирани соработници формирани согласно Законот за здруженија и фондации. Информативни  средби  во врска со повикот ќе се оддржат во два града.

    Дознајте повеќе!
  • Регионална работилница за практична употреба на Унифицирани Стандардно Оперативни Процедури

    Регионална работилница за практична употреба на Унифицирани Стандардно Оперативни Процедури за прекугранична координација и соработка за заштита на жртвите и   потенцијалните жртви на трговија со луѓе, со посебен фокус на децата организирана од   Здружението на граѓани Отворена Порта Ла Страда Македонија.

    Работилницата се спроведува во рамки на проектот “Подобрување на сервисите и   подигнување на свеста за борба против трговијата со луѓе на Балканот, Албанија, Македонија, Црна Гора и Косово“, финансиран од Соединетите Американски Држави, преку Ј/ TiP програма.

    Дознајте повеќе!
  • Заштита на бегалците и мигрантите преку информирани и сензибилизирани заедници

                  

    Како  дел од проектот “Заштита на бегалците и мигрантите преку информирани и сензибилизирани заедници”, Отворена Порта спроведоа  8 форум театри со младите и пошироката јавност со цел да се ​​зголеми света кај заедницата особено кај младите за положбата на бегалците и мигрантите во нивниот процес на миграција и тешкотиите со кои тие се соочуваат во земјите на транзитирање и прием.

    Форум театрите се спроведоа во 8 основни училишта во Македонија и тоа во: Куманово, Кавадарци, Демир Хисар, Битола, Ново Маало-Струмица, Василево-Струмица и Скопје. За време на овие настапи децата не само што беа пасивни гледачи, туку и имаа можност да учествуваат во некои сегменти на претставата и да дадат сопствени мислења и решенија за можните начини за спречување на трговијата со луѓе.

    Проектот е имплементиран од страна на Отворена порта/Ла Страда и е поддржан од проектот “Capacity development for Selected actors working with asylum seekers in Serbia and Macedonia”, кој е воспоставен од German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ), а имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ).

     

    Дознајте повеќе!
  • ЕФИКАСНА АСИСТЕНЦИЈА И УПАТУВАЊЕ НА КОРИСНИЦИТЕ НА СОС УСЛУГИТЕ

    Отворена порта / Ла Страда на 13-14 јуни.2018, спроведе дводневна обука наречена "ЕФИКАСНА АСИСТЕНЦИЈА И УПАТУВАЊЕ НА КОРИСНИЦИТЕ НА СОС УСЛУГИТЕ"", во соработка со  3 линии за помош: СОС линија за проблеми со зависноста од дрога, СОС линија за деца и адолесценти и СОС линии за жртви на семејно насилство.

    Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите на СОС операторите и дополнително да се создаде група на волонтери кои што ќе имаат соодветни знаења и вештини за обезбедување на емоционална поддршка, советување и упатување.

                    

    Дознајте повеќе!
  • Градење на капацитетите на давателите на услуги за директна поддршка на жртвите на насилство

    На 26 и 27 април 2018 , Отворена Порта спроведе обука на тема „Градење на капацитетите на давателите на услуги за директна поддршка на жртвите на насилство“.24 професионалци, психолози и социјални работници ги зголемија своите  знаења и вештини за работа со жртви на насилство.

      

    Дознајте повеќе!
  • ToR national consultant for action plan and training on the Unified SOPs Macedonia
    Дознајте повеќе!
Видеа
  • МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
  • Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
    Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
  • КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
    КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
  • Спречи, Заштити, Надомести
    Спречи, Заштити, Надомести
  • Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
    Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
  • Банер Хана
    Банер Хана
Донатори
Top