Новости
Зајакнуавање на соработката на граѓанските организации за заштита на децата од експлоатација

На 25 април.2015, во Скопје, Отворена порта организираше тркалезна маса насловена: „Зајакнуавање на соработката на граѓанските организации за заштита на децата од експлоатација‘‘. На овој настан учествуваа 25 преставници од граѓански организации од Македонија кои што имаат улога во превенцијата и заштитата на децата од експлоатација.

 

 Агендата на оваа платформата беше поделена во два дела: теоретски и практичен дел. Во првиот дел беа презентирани резултатите на проектот и притоа присутните имаа можност да се здобијат со информации за состојбата со трговија со луѓе во Македонија, негативни последици од предвремените бракови врз психо – физички развој на децата како и состојбата со детските бракови помеѓу ромската заедница во Република Македонија и законската регулатива. Во вториот дел од тркалезната маса, учесниците работеа во групи со цел идентификување на причините за зголемената ранливост на децата од експлоатација и предлог мерки за надминување на состојбата. 

Беа усвоени следниве препораки:

  • Институционална соработка
  • Поддршка и градење на партнерство во имплементацијата на социјалните сервиси
  • Креирање на дата база
  • Создавање на веб страна
  • Отварање на дневни центри во Ромските заедници
  • Зголемување на свеста(родители и деца)
  • Вклучување на локалната самоуправа во креирање на политики на деца
  • Обезбедување на средства од страна на локалната самоуправа и државата и др.

 Тркалезна маса даде одлична можност за вмрежување помеѓу организациите, меѓусебна размена на информации од теренот и поттикна одлична дискусија за натамошно дејствување во борбата против експлоатација на децата. Организациите се обврзаа во понатамошното дејствување да се насочат кон остварување на предложените мерки за подобрување на состојбата со децата.

  • CALL FOR POSITION: Consultant for mentoring

    CALL FOR  POSITION: Consultant for mentoring - assisting CSOs in acquirement of licences for provision of social services (fulfilment of quality standards) and mentoring in overall strategic development of the CSO in question.

    PLEASE SEE ALL DOCUMENTS:

    A1 Annex I - General Conditions

    A2 Annex II -ToR Mentoring

    A3 Annex III - IRIS Action Fact Sheet

    A4 Annex IV - Key Expert

    A5 Annex V - Budget

    A6 Annex VI - Leg Entity with copy of your  ID

    A7 Annex VII - Organisation and Methodolgy

    C - Tender form

    Дознајте повеќе!
  • ПОВИК за ангажирање на МОДЕРАТОР и организирање на слободното време на МЛАДИНСКИ КАМП

     

    21-25.02.2019, Крушево х. Монтана

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена порта / Ла Страда ќе спроведува 5 дневен Младински Камп, кој е наменет за 12те тимови на млади чии што предлози за  локални младински кампањи се избрани на конкурсот  „Повик за Локални Младински кампањи’’.

    Целта на Младинскиот Камп е учесниците се стекнат со проширени знаења за трговија со луѓе и воедно да ги развијат своите капацитети и знаења за подготовка и спроведување на успешни младински локални кампањи. По спроведувањето на Младинскиот Камп се очекува тимовите да ги спроведуваат  нивните кампањи на локално ниво.

     За повеќе информации отворето го следниов линк: 

    Повик за Модератор

    Дознајте повеќе!
  • ПОВИК за ангажирање на ТИМ НА ОБУЧУВАЧИ за спроведување на обука и менторска програма

      ПОВИК за ангажирање на

    ТИМ НА ОБУЧУВАЧИ

    за спроведување на обука и менторска програма

    за МЛАДИНСКИ ЛОКАЛНИ КАМПАЊИ

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена порта / Ла Страда ќе спроведе 5 дневен Младински Камп, кој е наменет за 12те тимови на млади чии што предлози за  локални младински кампањи се избрани на конкурсот  „Повик за Локални Младински кампањи’’.На младинскиот камп ќе земат учество 40 млади од цела Македонија.

    Целта на Младинскиот Камп е учесниците да се стекнат со проширени знаења за трговија со луѓе и воедно да ги развијат своите капацитети и знаења за подготовка и спроведување на успешни младински локални кампањи. По спроведувањето на Младинскиот Камп ќе следи периодот на менторство (26.02-08.03.2019) во кој што период тимот на обучувачи ќе работи со младите на нивно финализирање на локалните младински кампањи. По доставувањето на финалните производи до организацијата 12 тимови  ќе започнат со релаизација на нивните кампањи на локално ниво.

     ПОВИК за ангажирање на

    ТИМ НА ОБУЧУВАЧИ

    Дознајте повеќе!
  • Регионална социјална академија

    Од 26-29 ноември 2018 во Белград се одржа Регионална социјална академија организирана од #IRIS. 

    Две лица беа селектирани од Македонија за учество на истата  и имаа можност да следат различни тематски предавања од врвни експерти и истражувачи кои работат во областа на миграцијата.

    Регионалната академија обезбеди одлична можност за размена на искуства, знаења, позитивни практики и методи за работа со посебен фокус на ранливите категории бегалци и мигранти. Исто така, беа организирани студиски посети на бегалски камп и училиште во Белград како позитивен пример за интеграција на бегалците на регионално ниво. Исто така, регионалната академија беше одлично место за градење на нови проектни идеи, подобрување на соработката со организациите од другите држави каде мрежата #ИРИС е активна. 

    Повеќе информации можете да најдете на: https://www.facebook.com/events/1110891832411160/permalink/1156195944547415/

    Оваа активност ќе се повторува и во следните години и секако навремено ќе бидете известувани за да можете да аплицирате.

     

     

     

    Дознајте повеќе!
  • ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЛАДИНСКИ КАМПАЊИ

     

                             

     Доколку сте млади на возраст од 17-26 години и имате идеја за изработка и спроведување на младинска локална кампања во форма на уметнички изложби, музички или актерски перформанси, фото инсталации, дебати, социјални мрежи и платформи или друг вид на иновативно и креативно изразување ве охрабруваме да се пријавите на повикот на Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта.  

    Младинските локални кампањи треба да ја обработуваат  темата „Трговија со луѓе‘‘.

    Пријавувањето треба да биде во тимови од два до најмногу четири учесника.

    Тимот потребно е да испрати:

    • Кратка биографија на македонски јазик за секој член на тимот.
    • Мотивационо писмо.  
    • Пополнет образец 

    Документите испратете ги на lastrada@lastrada.org.mk со наслов Младинска локална кампања. Крајниот рок за доставување на пријави е 30 јануари 2019.

     Целиот оглас симнете го овде. 

    Дознајте повеќе!
  • Иницијатива за социјална димензија за интеграција во ЕУ

     

      

     

    На 6 ноември 2018 година од страна на АСБ, беше организирана регионалната министерска конференција "Иницијатива за социјална димензија за интеграција во ЕУ", на која што беше презентирана Мрежата ИРИС. Повеќе од 150 релевантни чинители од Југоисточна Европа и Европската Унија - министри за труд и социјална политика од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија и Црна Гора, европратеници, раководители на одделение за меѓународни прашања од ЕУ -  за вработување, социјални прашања и инклузија, Совет за регионална соработка, Н.Е. Германскиот амбасадор во Србија, српскиот министер за интеграција во ЕУ и организациите на граѓанското општество од ЈИЕ присуствуваа на конференцијата.

    Потпишувањето на Декларацијата за подобрување на социјалната политика на Западен Балкан од страна на Министри за труд и социјална политика од 7 земји, на конференцијата, покажува целосна посветеност кон зајакнување на социјалната димензија во процесот на проширување.

    Клучни теми што беа дискутирани за време на Конференцијата беа социјалниот аспект на процесот на интеграција во ЕУ, трансформацијата на системот на социјална заштита, новите актери во социјалните услуги и улогата на граѓанските организации во системот на социјална заштита. Преку учество на отворената дискусија "Социјална перспектива на ЕУ" ИРИС мрежата беше презентирана пред релевантни засегнати страни на ЕУ, регионално, национално и локално ниво. Повеќе информации за настанот можете да најдете на http://iris-see.eu/regional-ministerial-conference-social-dimension-initiative-of-eu-integration/

    Дознајте повеќе!
Видеа
  • МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
  • Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
    Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
  • КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
    КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
  • Спречи, Заштити, Надомести
    Спречи, Заштити, Надомести
  • Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
    Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
  • Банер Хана
    Банер Хана
Донатори
Top