Новости
8ма Ла Страда НВО Платформа - ,,Обединети против трговијата со луѓе,,

Ла Страда НВО Платформа

8мата Ла Страда НВО Платформа - ,,Обединети против трговијата со луѓе,,која се одржа од 27-28 мај 2015, во Скопје, ги собра на едно место невладините организации од регионот и Европа кои што работат на спречување на трговијата со луѓе со цел практичното искуство од терен да го претворат во заедничка акција која што ќе предизвика промени на национално и меѓународно ниво.  

НВО Платформата беше иницирана во 2005 година се со цел да им овозможи на Европските организации кои се борат  против трговијата со луѓе да ја зајакнат нивната соработка за лобирање, подигање на свеста, превенција и дирекна подршка на тргуваните лица. Во мометнтот платформата се состои од 28 Европски НВО членови.

Овогодишниот состанок на La Strada Платформата и партерите беше одраз на сето она што беше постигнато во минатото прикажано помеѓу другото и со ГодишенLa Strada времепол,  и истовремено се дискутираше  за идните потреби, за содветна заштита и подршка на тргуваните лица.

На постоечките работилници се дискутираше на следниве теми: Потребите на тргуваните лица; раната идентификација на тргуваните лица како предуслов за нивно препознавање како жртви и консеквентно на тоа пристап до помош и заштита; мониторинг на политиките за борба против трговија со луѓе; соработка со приватниот сектор и нивно вклучување во превенција од експлоатација на трудот. Гледајќи наназад на она што е постигнато и што треба доправа да се направи кои се предизиците, се дојде со следниве заклучоци и препораки кои можете да ги проследите на следниов линк.

  • Треба да се зацврсти соработката на сите нивоа со цел да се дојде до  вистинки промени при што:  тргуваните лица и ризичните групи ќе можат да ги остварат своите права; промени во политиките и мерките за борба против трговијата со луѓе, така што правата на жртвите ќе се почитуваат; промена во меѓународната дебата со цел признавање на правата на жените, мигрантите и работниците кои треба да бидат во основата на  политиките против трговијата со луѓе;  да се направат структурните промени кои се потребни за да навистина се справиме  со основните причини за трговија со луѓе. Сите овие елементи се дел од новиот стратешки план на Ла Страда за кој невладините дел од ЛС Платформата искажаа посветеност во неговото спроведување.
  • Зајакнување на гласот на невладините организации и нивната позиција и нивно обединување со цел активно следење на спроведувањето на политиките и програмите против трговијата со луѓе преку употреба на мониторинг алатки, организирање на национални мониторинг НВО мрежи и  соработка со останати организации и институции.
  • Ефективна идентификација на тргуваните лица на сите нивоа (неофицијална, официјална и самоидентификација) во која НВО имаат релевантна улога, размена на успешни практики во идентификација и развивање и употреба на општи и специфични индикатори за идентификација на национално ниво.
  • Заеднички иницијативи на Европско ниво за проценка на потребите на лицата жртви на трговијата и давателите  на услуги,  со цел да се види дали услугите се уште ги  задоволат потребите на жртвите и да се истражат прашањата  како што се родовата димензија, нови идентификувани групи на трговија со луѓе, како и кои потреби на жртвите  треба да бидат исполнети од страна на други чинители.
  • Бизнис заедницата треба да се вклучи во превенцијата од трговија со луѓе и да ја обезбеди истата во нивните ланци на снабдување. Во следните 5 години, Ла Страда би сакале да ја разгледа  критички  улогата на бизнисите и да подготви стратегија како да ги вклучи  понатаму заедно со другите  невладини организации, особено оние кои се обединети во НВО платформата.
  • Оглас за ангажирање на консултант

     ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТ
    Здружението за акција против насилоство и трговија со луѓе Отворена Порта распишува оглас за ангажирање на консултант за идентификација и проценка на потребите на младите во Гевгелија и недостатоците во локалната подршка за децата на кои што им се потребни специјализирани заштитин сервиси. За повеќе информации: ToR Consultant 19 07 2017 (2).pdf

     

    Дознајте повеќе!
  • ИЗВЕСТУВАЊЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ЈАВНОТО ГЛАСАЊЕ ПРЕКУ ФЕЈСБУК

    ИЗВЕСТУВАЊЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ЈАВНОТО ГЛАСАЊЕ ПРЕКУ ФЕЈСБУК

     ПРОЕКТ ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ И ЗАШТИТА НА ЖРТВИТЕ

    ИЗБОР НА НАЈДОБАР МУЛТИМЕДИЈАЛЕН

    ПРОИЗВОД НА ТЕМА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

    Мултимедијалниот производ со реден број 18 изработен од Валон Рамадани / Вулнет Рамадани / Дритон Синани / Мерал Јусуфи / Луан Дехари / Едон Јонузи / Арта Адеми / Бурим Рамадани / Петрит Ајдари / Рилинд Исени - Гимназија "Кирил Пејчиновиќ" - Тетово

    јавноста го избра за НАЈДОБАР МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ПРОИЗВОД НА ТЕМА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ со 13000 допаѓања. Победниците ќе добијат парична награда во вредност од 200 евра во денарска противредност. 

    Како дел од проектот ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ И ЗАШТИТА НА ЖРТВИТЕ беше објавен конкурс за избор на најдобар мултимедијален продукт на кој што аплицираа 32 производи. Право на учество имаа младите на возраст од 14 до 23 години од  Р. Македонија здружени во тимови или индивидуално.  Учесниците имаа можност да конкурираат со еден или повеќе мултимедијалени производи..

    Сите 32 производи се постирани на страната https://www.facebook.com/Избор-на-најдобар-мултимедијален-производ на која што онлајн публиката го избра најдобариот мултимедијален производ со ставање на like на самото видео. Гласањето за најдобар мултимедијален производ започна на 1 јуни и заврши на  31 јуни 2017.

     Другите 3 (три) најдобри идеи ќе бидат селектирани од  стручно жири  и ќе бидат наградени со парична награда:

    • 1 награда од стручно жири- од 150 евра.
    • 2 и 3 награда од стручно жири- од 100 евра.

    На 21 јули 2017 ќе бидат објавени наградените производи од страна на стручното жири.

    До 5 август 2017 година победниците ќе ги добијат своите парични средства. 
    Официјалното доделување на сертификати за награди ќе биде дополнително организирано.

    Дознајте повеќе!
  • СОС линија за помош при трговија со луѓе

    Информирајте се за трговијата со луѓе на нашата СОС линија!

    Дознајте повеќе!
  • СОЗДАДИ НАДЕЖ Хуманитарен базар на ракотворби


    СОЗДАДИ НАДЕЖ е мотото под кое во очи на Светскиот ден на бегалците ќе се одржи продажен хуманитарен базар на ракотворби кои ги изработиле бегалци. 
    139 лица бегалци и мигранти изработија преку 100 парчиња накит, украси и слики како дел од 15 работилници за арт терапија одржани во транзитните центри Табановце и Винојуг, како и во прифатниот центар Визбегово. 
    Ракотворбите ќе бидат на продажба, а собраните средства ќе се употребат за поддршка на потребите на бегалците и мигрантите во Македонија.
    Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, спроведен од Македонско здружение на млади правници во соработка со Отворена Порта - Open Gate: La Strada Macedonia ве кани да бидете дел од овој настан и да придонесете кон зајакнувањето на јавната свест за бегалците и кон добросостојбата на овие лица.
    USAID Macedonia #withrefugees #refugeeday 

    Дознајте повеќе!
  • Дознајте повеќе!
  • Дознајте повеќе!
Видеа
  • МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
  • Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
    Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
  • КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
    КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
  • Спречи, Заштити, Надомести
    Спречи, Заштити, Надомести
  • Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
    Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
  • Банер Хана
    Банер Хана
Донатори
Top