Отворена Порта партнер на нов проект за правна заштита на жените
Отворена Порта се приклучи како партнер организација во тригодишниот проект Подобрување на нивото на правна заштита и статусот на жените жртви на насилство и дискриминација врз основа на полот во Р. Македонија , имплементиран од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) во партнерство со нашата организација и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.
Проектот за правна заштита на жените жртви на насилство и дискриминација во Македонија е во согласност со меѓународните стандарди за заштита на човековите права и придонесува за унапредување на судските постапки за заштита на жените жртви и подигнување на јавната свест за последиците од злоупотребата на женските човекови права.
Проектот ќе опфати: набљудување на тековни судски предмети поврзани со насилство и дискриминација врз жените;проценка на степенот на судска заштита на ранливите категории на жените жртви; јакнење на капацитетите на судиите за примена на меѓународните стандарди за заштита на женкиоте човекови правасодржани во Конвенцијата за елиминирање на сите формина дискриминација врз жените на Обединети Нации (КЕДЖ); зголемување на нивото на информираност на жртвите за судските постапки за заштита од насилство и дискриминација; подготовка на препораки за унапредување на релевантната законска рамка (во согласност со специфичните потреби на различните категории на жртви); јакнење на капацитетите на граѓанските организации за примена на меѓународните и регионалните механизми за заштита на женските човекови права (опциониот протокол кон КЕДЖ и Европскиот суд за човекови права); иницирање на индивидуални случаи за стратешко застапување; и обезбедување на бесплатни правни совети и поддршка за жените жртви на насилство и дискриминација.
Тригодишниот проект именуван како Подобрување на нивото на правна заштита и статусот на жените жртви на насилство и дискриминација врз основа на полот во Р. Македонија е финанскиски поддржан од УСАИД.