Награда за најдобри средношколски мултимедијални проекти во Македонија.
Отворена Порта / Ла Страда Македонија во текот на септември 2014 година, распиша конкурс за избор на најдобар средношколски мултимедијален производ на тема трговија со луѓе. Средношколците беа охрабрувани да ја покажат својата иновативност и креативност користејќи комбинација од три или повеќе типови на дигитални медиуми: текст, звук, видео, графика и анимација. На конкурсот беа пристигнати 20 мултимедијални проекти во кои се презентираа различните форми на експлоатација, со фокус на едукацијата и превенцијата. Мултимедијалните производи беа постирани на посебна дизајнирана Фејсбук страница www.facebook.com/pages/Избор-за-најдобар-средношколски-мултимедијаленпроизвод/417449685080149?ref=hl, каде што јавноста можеше да гласа и да го избере победникот. Стручното жири за селекција кое беше составено од релевантни експерти од невладиниот сектор, меѓународните организации, државните институции, амбасади и филмски критичари, награди уште три мултимедијални производи, врз основа на креативноста, иновативноста, содржина, порака, применливост во македонското општество и напор во подготовка. Наградените ќе бидат промовирани и презентирани на претстојниот LSI НВО платформа во Скопје во мај 2015. Мултимедијалните производи ќе бидат користени од страна на Отворена Порта во нивните превентивни активности и ќе бидат понудени на заинтересираните медиуми за понатамошно ширење и релевантните засегнати страни против трговијата со луѓе да ги користат во нивната работа. Оваа активност е дел од проектот Крени го гласот против трговијата со луѓе, финансиски поддржан од Европска Унија. Победничкиот мултимедијален производ од онлајн гласачите може да го видите тука.