Трудова експлоатација

 

Иако терминот ,,трговија со луѓе заради трудова експлоатација” е најчесто користен термин, од страна на специјализираната агенција на Обединетите Нации[1] за стандарди на трудот во целата нејзина историја никогаш не е дефиниран поимот трудова експлоатација. Веројатно сите свои 189 конвенции и речиси 100 години од нивната правна интерпретација, се всушност континуиран обид да се дефинира што претставува трудова експлоатација, толкување и поим кој навистина бара постојано ревидирање и ажурирање за да одговори на променливата реалноста.
Во пракса, тешко е да се повлече јасна линија и одвојување на експлоатацијата како кршење на работничките права од принудната работа или трговијата со луѓе. Во некои европски земји, тесна дефиниција се користи додека во други концептот на трговија со луѓе заради трудова експлоатација е поширок. Овој проблем ја попречува идентификацијата во пракса и создава правна несигурност за работниците.
За да се надмине овој проблеми, Меѓународната Организација на Труд (МОТ) создаде сет на индикатори за да се идентификува принудната работа во пракса како краен резултат на процесот на трговија со луѓе. Подоцна, во соработка со Европската комисија, тие беа дополнително рафинирани во Европски контекст често нарекувани како методологијата Делфи[2].
Комбинацијата на индикаторите претставува веројатноста за случај на принудна работа и трговија со луѓе. Индикаторите вклучуваат ропство поради долг, задржување на документи за идентификација, задржување и неплаќање на платите, измама или лажни ветувања, финансиски казни, закани за присилно отстранување и ограничувања на слободата на движење.
Индикаторите го илустрираат размислувањето зад аргументацијата дека трговијата со луѓе и принудната работа треба да се гледаат заедно како континиум на трудова експлоатација која се движи од пристојна работа до принудна работа.[3] Исто така и да се види заштитата од сите форми на експлоатација заедно како континиум, како начин да се прекине процесот кој води кон принудна работа и спречување на идни злоупотреби. Трговијата со цел трудова експлоатација не може да се види, ниту да и се пристапи како изолиран проблем, бидејќи претставува збир на сериозни кршења на човековите права. Во однос на Основните стандарди на труд[4], работниците во ситуација на принудна работа страдаат од дискриминација, нивниот статус во однос на престој може да влијае врз правото на слобода на здружување и колективно договарање, а во некои случаи тие дури и може да бидат малолетни. Други повреди на правата вклучуваат не исплаќање или задоцнето плаќање на платите, плати кои се под минималната загарантирана плата, повреди на здравјето и безбедносните прописи, социјалните права, безбедност, итн. Сите овие елементи се различни аспекти на трговијата со луѓе за трудова експлоатација. На принудната работа , исто така треба да се гледа повеќе како процес отколку само како статичка врска. Работници не стануваат принудни работници преку ноќ, туку постепено се зголемува нивната принуда. На пример ранливоста на мигрантите често се зголемува со текот на времето бидејќи тие се под притисок да ги отплатат долговите, или доколку тие се предмет на имиграциона контрола и изнуда од криминални мрежи. Покрај тоа, работодавците често го ,,тестираат” отпорот на работниците пред да ги притиснат во поекстремни експлоататорски ситуации. Би можело да се размислува за овој процес како постојано стеснување на лавиринт каде што моќта на работникот за донесување одлуки на крајот потполно е изгубена.[5]
Многу доселеници се измамени од лажни ветувања за вработување во странство од страна на посредници, агенции, или неформални или криминални мрежи. За да го платат надоместокот за вработување, тие се принудени да земат на заем од семејството, пријателите, нивните агенти (посредници) или иден работодавач. По пристигнувањето, по одбивањето на нереално зголемените трошоци за храна, сместување и други основни потреби, остатокот од платата не е доволно за да заштедат пари, да го отплатат долгот, или да испратат дома како што и многумина планирале да го сторат уште од самиот почеток. Овие практики (на должничко ропство) ги држат мигрантите врзани за нивните работодавци принудувајќи ги да ја работат истата работа и под истите супстандардни услови. Работниците кои завршуваат во принудна работа не се нужно не документирани или непријавени работници. Многу влегуваат во земјата легално со дозвола за работа или се државјани од самиот почеток. Фактот дека работниците се тргувани во принудна работа во нашите економски сектори неизбежно наметнува да се дебатира за нерегулираниот глобален пазар на труд и моменталната состојба на заштита на правата на работниците. Дерегулацијата на пазарите на труд и намалување на социјалната заштита, како стратегија за зголемување на конкурентноста во глобалната економија има деформирачко влијание на работниот однос. Овој тренд на непостојаното вработување, неформализација и индивидуализација на трудот и вработувањето создаде амбиент кој сега се чини дека е плодна почва за сите видови на злоупотреба, вклучувајќи екстремни ситуации на принудна работа и трговија со луѓе.

Ропство
Ропството според конвенциите на ООН се дефинира како: ,,статус или состојба на лице врз кого се врши било кое или сите од овластувањата поврзани со правото на сопственост”. [1] Ропство е многу повеќе од принудна работа. Сите ропства вклучуваат принудна работа, но не сите случаи на принудна работа вклучуваат ропство. Меѓународната забрана на ропството е апсолутна, не постојат исклучоци (како што постојат за принудната работа). Ропството е институција во која господарот на робови ги користи своите права на сопственост преку уништување на човековата личност односно лицето како носител на правата и го сведува робот (лицето) на предмет, без права. Ропството се смета за комплетен систем на сопственост.  
За повеќе информации-Ропство. 

Должничко ропство (или ропска работа)
Дополнителната Конвенцијата на ООН за укинување на ропството, трговијата со робови и институциите и практики слични на ропство го вклучува должничкото ропство како практика слична на ропство. Должничкото ропство, како што се вели е статус или состојба што произлегуваат од залог на должникот на своите лични услуги или на оние на лицето под негова контрола како гаранција за долгот, доколку вредноста на тие услуги ако разумно проценети не се користат кон ликвидација на долгот или должината и природата на тие услуги не се соодветно ограничени и ,,дефинирани” (Дополнителна Конвенцијата на ООН, чл. 1) 
За повеќе информации- Должничко ропство

Принудна работа
Меѓународниот инструмент за решавање на принудната работа е во рамките на МОТ, која е специјализирана агенција на ООН.[1] Нема посебна конвенција на ООН за принудна работа, но конвенцијата на ООН за граѓански и политички права ги забранува повеќето форми на ,,принудна работа”. [2] МОТ Конвенцијата за принудната работа бр. 29 ја содржи следнава дефиниција: Принудна или задолжителна работа е секоја работа или служба која е наложена од кое било лице под закана за каква било казна и за која тоа лице не се понудило доброволно.[3]
Средството за казна вклучува закани за физичко насилство врз работникот или роднините, физички притвор и негирањето на правата[4]. Забраната за принудна работа на Конвенцијата не е апсолутна (со оглед дека забраната на ропство е апсолутна), бидејќи се дозволени одредени форми на принудна работа за (а) воена служба, (б) кога тоа е дел од ,,вообичаените граѓански обврски на граѓаните, “(в) осуда за вршење труд за некој јавен орган, (г) кога е потребно во ,, итни случаи “и (д),, ситни комунални услуги “од страна на членовите на заедницата за заедницата (Конвенцијата на МОТ бр. 29, чл. 2.2). Подоцна Конвенцијата на МОТ, исто така, забранува употребата на принудна работа за политички и економски цели или како средство за трудова дисциплина, или казна. [5]Важно е да се напомене дека, сепак, двете конвенции не забрануваат употреба на трудот на затвореници; тие само поставуваат ограничувања на неговата употреба. Историски, владите користеле принудна работа за јавни проекти како изградба на патишта и сл. 
За повеќе информации-Принудна работа

[1] МОТ е основана во 1919 година, во пресрет на деструктивната војна да продолжи со визијата врз основа на премисата дека универзален траен мир може да се постигне само ако се заснова на социјална правда. МОТ стана првата специјализирана агенција на ОН во 1946 година. [2] (ICCPR , член. 8,3).[3] За законското значењето на принудна работа, види МОТ 2009 (б).[4] (МОТ 2005, 5).[5] (Конвенцијата на МОТ бр 105, чл. 1). [1] (Ропство Конвенцијата на ОН, член 1 (1).)[1] Понатаму во текстот ке се користи кратенката ОН [2] ILO/European Commission (2009): Operational indicators of THB; Results from a Delphi survey implemented by the ILO and the European Commission. Geneva:ILO [3] Skrivankova К., 2011 Between decent work and forced labour: examining the continuum of exploitation, JRF programme paper: Forced Labour, November 2011 [4] ILO Core Labour Standards: 1949 Right to Organise and Collective Bargaining Convention No. 98, 1930 Forced Labour Convention No. 29, 1957 Abolition of Forced Labour Convention No. 105, 1951 Equal Remuneration Convention No. 100, [5] B. Andrees, Forced Labour and Trafficking in Europe: How People are Trapped in, Live through and Come out (Working paper ILO, Geneva, 2008) p. 22.

  • СОЗДАДИ НАДЕЖ Хуманитарен базар на ракотворби


    СОЗДАДИ НАДЕЖ е мотото под кое во очи на Светскиот ден на бегалците ќе се одржи продажен хуманитарен базар на ракотворби кои ги изработиле бегалци. 
    139 лица бегалци и мигранти изработија преку 100 парчиња накит, украси и слики како дел од 15 работилници за арт терапија одржани во транзитните центри Табановце и Винојуг, како и во прифатниот центар Визбегово. 
    Ракотворбите ќе бидат на продажба, а собраните средства ќе се употребат за поддршка на потребите на бегалците и мигрантите во Македонија.
    Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, спроведен од Македонско здружение на млади правници во соработка со Отворена Порта - Open Gate: La Strada Macedonia ве кани да бидете дел од овој настан и да придонесете кон зајакнувањето на јавната свест за бегалците и кон добросостојбата на овие лица.
    USAID Macedonia #withrefugees #refugeeday 

    Дознајте повеќе!
  • ЈАВЕН ПОВИК за избор на најдобар мултимедијален производ на тема „Трговија со луѓе

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта
    објавува:

    ЈАВЕН ПОВИК
    за избор на најдобар мултимедијален производ на тем
    „Трговија со луѓе“

    Предмет на јавниот повик е избор на 3(три) најдобри мултимедијални производи на тема ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ. Младите од Р. Македонија може да аплицираат на конкурсот со мултимедијален производ кој што користи компјутер и било која комбинација од три или повеќе од следниве дигитални медиумски видови: текст, звук, видео, графика и анимација. Креативниот и иновативниот мултимедијалниот производ треба да биде од едукативен и информативен карактер и да ја обработува темата трговија со луѓе.  За повеќе информации отворете го следниов линк: Јавен оглас за мултимедијален производ.pdf

    Дознајте повеќе!
  • ЈАВЕН ПОВИК за избор за најдобра новинарска статија на тема ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта
    објавува:

    ЈАВЕН ПОВИК
    за избор за најдобра новинарска статија на тема
    ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

    Здружението на граѓани „Отворена Порта‘‘  распишува јавен повик за избор за најдобра новинарска статија на темата ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ. Оваа награда има за цел да придонесе во борбата против трговијата со луѓе и да ја зголеми јавната свест во однос на овој проблем и да ја подобри идентификацијата.

    за повеќе информации отворете го следниов линк: Јавен оглас за новинари.pdf

    Дознајте повеќе!
  • Соочување со траумата преку арт терапија- работилница за бегалци и мигранти

    Во периодот од 6ти до 10ти февруари, во Центарот за баратели на азил во Визбегово се одржаа пет од петнаесет планирани работилници наменети за бегалците и мигрантите баратели на азил, со методот на терапија со уметност- или арт терапија.

     

     На овие работилници учествуваат 45 лица на различни возрасти, кои доаѓаат од Сирија, Иран и Косово. Арт терапијата претставува креативен пристап кон соочувањето со доживеана траума. Учесниците имаат прилика да изработуваат накит, да цртаат и сликаат, притоа комуницирајќи со терапистите, во разговор, но и преку уметничката творба. Приодот на арт терапијата овозможува лицето и терапистот да се поврзат преку творбата, која претставува фокус за дискусија и анализа.

     

    Дополнителна цел на овие работилници е да ја подигнат самодовербата, но и јавната свест за сериозноста на состојбата во која се наоѓаат бегалците и мигрантите. Работилниците се дел од Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, спроведен од страна на Македонско здружение на млади правници во соработка со Отворена порта/Ла Страда.

                                             

     

     

     

    Дознајте повеќе!
  • Огласот е затворен -ОГЛАС ЗА ПРИВРЕМЕНО АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНИ НАСТАНИ „СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ ПРИКАЗНИ“
    Дознајте повеќе!
  • Дознајте повеќе!
Видеа
  • МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
  • Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
    Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
  • КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
    КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
  • Спречи, Заштити, Надомести
    Спречи, Заштити, Надомести
  • Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
    Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
  • Банер Хана
    Банер Хана
Донатори
Top