Институционална рамка

Кои институции се задолжени за справување со трговијата со луѓе во Македонија?

На национално ниво во 2001 година, беше поставена Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција (НК) со задача да ја координира работата на сите институции вклучени во процесот на превенција, заштита и истрага на трговијата со луѓе. На чело на оваа комисија стои национален координатор.

Во рамките на НК во 2003 година се оформи Секретаријат - тело одговорно за прифаќање и имплементација на одлуките на Националната комисија кое  вклучува претставници на меѓународни организации, невладини организации, амбасади и владини тела.
Дел од НК е и подгрупа за деца - жртви на трговија, формирана во 2003 година, со цел, да се приспособи работата на комисијата кон потребите на оваа чувствителна категорија жртви, и да се стави посебен акцент на превенцијата на трговија со деца и подобрување на заштитата на малолетните жртви.
Понатаму, во 2009 година беше воспоставено ново тело Национален известувач, чија примарна улога е надгледување на  целокупните активности за борбата против трговија со луѓе. Ова тело како што беше предвидено во Националниот акциски план е  одговорно за собирање и анализа на податоци (квалитативни и квантитативни информации) за пошироки теми поврзани со трговијата со луѓе во контекст на превенција, заштита и кривично гонење. Воедно, една од улогите на оваа функција ќе биде и следење и мониторирање на имплементацијата на стандардните оперативни процедури.

Националниот механизам за упатување (НМУ) функционира во рамките на Секторот за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика (МТСП) од 2005 година, со цел, да обезбеди идентификација, помош и заштита на жртвите на трговија, независно дали се работи за малолетно или возрасно лице.
Примарна цел на оваа канцеларија е да ја координира работата на 58 професионалци (социјални работници) од 27 центри за социјална работа (ЦСР) низ Македонија и да соработува со сите служби вклучени во процесот на заштита на жртвите.

Дополнително РМ е дел од Транснационалниот механизам за упатување (ТРМУ) којшто го поврзува целиот процес на упатување од првична идентификација до враќање и помош во земјите на транзит, земји на дестинација и земји на потекло, вклучувајки соработка помеѓу различни владини институции и невладини организации.


НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА, ПРОГРАМА И ПРОЦЕДУРИ
Дали постојат стратегии и програми во Македонија?

Македонската влада неодамна усвои Национална  стратегија и Акциски план за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција како и Акцискиот план за борба против трговијата со деца во Република Македонија  за периодот  2009-2012 година (НАП).
Стратегијата ги одредува стратешките приоритети за борба против трговијата со луѓе, дефинира задачи на одговорните институции, ги усогласува меѓуинституционалните активности како на локално така и на регионално ниво, обезбедува подобрување на квалитетот на услугите наменети за жртвите, интензивира истрага, кривично гонење и осудување на сторителите.
Акцискиот план има за цел да планира координирани активности на сите засегнати страни и актери но, исто така, да обезбеди широка политичка и финансиска поддршка за имплементација на активностите предвидени со планот. Во дополнување на овој документ е изготвен и Акциски план за борба против трговија со деца. Документот е јасен и воспоставува јасни цели со реални временски рамки.

Во првите месеци од 2008 година, Владата ги усвои Стандардните оперативни процедури за постапување со жртвите на трговија со луѓе (СОП) кои имаат за цел да обезбедат поддршка и заштита на сите жртви на трговија со луѓе преку еден опширен чекор по чекор пристап кој се заснова на човековите права. Воедно СОП предвидуваат институционализирана рамка за соработка која во фокусот ќе ги има жртвите на трговија со луѓе (ТЛ). СОП вклучува преземање на специфични мерки во следниве области: Идентификација и упатување, Непосредна грижа и помош, Враќање, Реинтеграција и Кривична постапка. 

Документи за идентификација и заштита на жртви на трговија со луѓе


 

  • СОЗДАДИ НАДЕЖ Хуманитарен базар на ракотворби


    СОЗДАДИ НАДЕЖ е мотото под кое во очи на Светскиот ден на бегалците ќе се одржи продажен хуманитарен базар на ракотворби кои ги изработиле бегалци. 
    139 лица бегалци и мигранти изработија преку 100 парчиња накит, украси и слики како дел од 15 работилници за арт терапија одржани во транзитните центри Табановце и Винојуг, како и во прифатниот центар Визбегово. 
    Ракотворбите ќе бидат на продажба, а собраните средства ќе се употребат за поддршка на потребите на бегалците и мигрантите во Македонија.
    Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, спроведен од Македонско здружение на млади правници во соработка со Отворена Порта - Open Gate: La Strada Macedonia ве кани да бидете дел од овој настан и да придонесете кон зајакнувањето на јавната свест за бегалците и кон добросостојбата на овие лица.
    USAID Macedonia #withrefugees #refugeeday 

    Дознајте повеќе!
  • ЈАВЕН ПОВИК за избор на најдобар мултимедијален производ на тема „Трговија со луѓе

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта
    објавува:

    ЈАВЕН ПОВИК
    за избор на најдобар мултимедијален производ на тем
    „Трговија со луѓе“

    Предмет на јавниот повик е избор на 3(три) најдобри мултимедијални производи на тема ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ. Младите од Р. Македонија може да аплицираат на конкурсот со мултимедијален производ кој што користи компјутер и било која комбинација од три или повеќе од следниве дигитални медиумски видови: текст, звук, видео, графика и анимација. Креативниот и иновативниот мултимедијалниот производ треба да биде од едукативен и информативен карактер и да ја обработува темата трговија со луѓе.  За повеќе информации отворете го следниов линк: Јавен оглас за мултимедијален производ.pdf

    Дознајте повеќе!
  • ЈАВЕН ПОВИК за избор за најдобра новинарска статија на тема ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта
    објавува:

    ЈАВЕН ПОВИК
    за избор за најдобра новинарска статија на тема
    ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

    Здружението на граѓани „Отворена Порта‘‘  распишува јавен повик за избор за најдобра новинарска статија на темата ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ. Оваа награда има за цел да придонесе во борбата против трговијата со луѓе и да ја зголеми јавната свест во однос на овој проблем и да ја подобри идентификацијата.

    за повеќе информации отворете го следниов линк: Јавен оглас за новинари.pdf

    Дознајте повеќе!
  • Соочување со траумата преку арт терапија- работилница за бегалци и мигранти

    Во периодот од 6ти до 10ти февруари, во Центарот за баратели на азил во Визбегово се одржаа пет од петнаесет планирани работилници наменети за бегалците и мигрантите баратели на азил, со методот на терапија со уметност- или арт терапија.

     

     На овие работилници учествуваат 45 лица на различни возрасти, кои доаѓаат од Сирија, Иран и Косово. Арт терапијата претставува креативен пристап кон соочувањето со доживеана траума. Учесниците имаат прилика да изработуваат накит, да цртаат и сликаат, притоа комуницирајќи со терапистите, во разговор, но и преку уметничката творба. Приодот на арт терапијата овозможува лицето и терапистот да се поврзат преку творбата, која претставува фокус за дискусија и анализа.

     

    Дополнителна цел на овие работилници е да ја подигнат самодовербата, но и јавната свест за сериозноста на состојбата во која се наоѓаат бегалците и мигрантите. Работилниците се дел од Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, спроведен од страна на Македонско здружение на млади правници во соработка со Отворена порта/Ла Страда.

                                             

     

     

     

    Дознајте повеќе!
  • Огласот е затворен -ОГЛАС ЗА ПРИВРЕМЕНО АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНИ НАСТАНИ „СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ ПРИКАЗНИ“
    Дознајте повеќе!
  • Дознајте повеќе!
Видеа
  • МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
  • Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
    Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
  • КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
    КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
  • Спречи, Заштити, Надомести
    Спречи, Заштити, Надомести
  • Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
    Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
  • Банер Хана
    Банер Хана
Донатори
Top