Архива
9-20 Март 2015-59тата Комисија на Статусот на Жената, Њу-Јорк,

9-20 Март 2015-59тата Комисија на Статусот на Жената, Њу-Јорк,

САД 59тата сесија на комисијата за статусот на жената се епроведе помеѓу 9ти и 20ти Март во Њу Јорк, со главен фокус на 20 години од усвојување на Декларацијата од Бежинг и Платформата за Акција. На оваа сесија, комисијата го разгледуваше напредувањето постигнато од имплементирањето на Декларацијата и Платформата за Акција. Прегледот (Бежинг+20) исто така ги вклучуваше исходите од 23тата специјална сесија на Генералното Собрание, првото пет годишно оценување се оддржа по присвојувањето на Платформата за Акција, ккоја ги нагласи претстојните мерки и иницијативи. Три члена на La Strada International  беа присутни во Њу Јорк и ги проследуваа настаните- Интернационалниот координатор, Претседателот на одборот на LSI и директорот на Ла Страда Македонија. La Strada Internacional Придонесе на настан организиран од страна на Глобалната Алијанса Против Трговијата Со Жени, наречен “ Трудовите права на жените мигрантки : Од Бежинг до изминувањето на 2015”, кој се фокусираше на глобалните искуства од предизвизите со кои жените мигрантки се соочуваат и нивниот труд за овозможување на своите човекови и трудови права. Глобалната Алијанска Против Трговијата Со жени исто така ко-спонзорираше  три други настани поврзани со женскиот миграционен труд, застапување на правата на сексуалните работнички и постоечките предизвици на борбата против трговија со луѓе. На почетокот на 59тата сесија, приближно 1000 женски групи и феминистички мрежи од целиот свет реагираа на политичката декларација да се прослави 20 годишнина на Декларација од Бежинг, оцртувајќи сегменти каде посветеностите на полова еднаквост, женски овластувања, и човековите права на жени и девојчиња треба да бидат залсилени.  Групите дадоа заедничка изјава во која го појаснија нивното незадоволство од ироничната реафирмација на постоечките обврски во политичка декларација. Организациите ветија дека ќе ги сметаат нивните влади за кривци за креирање на трансформативните промени потребни за да се обезбеди дека  сите жени и девојчиња ќе можат целосно да ги искористат своите човекови права, излишени од дискриминацијата,принудата и насилството. La Strada International исто така го потпиша писмото по иницијатива на GAATW, заедно со други женски групи, LGBTI и здравствени организации и основачи, адресирано до Комисијата на НВО на статусот на жени. Во ова писмо, организациите го искажаа своето разочарување од презентацијата на наградата за женски разлики на Ruchira Gupta, чија работа и политика не успеа да ги препознае едукацијата и правата на жената. Добро документирано е дека патријахалното уредување, спасување и рехабилитациониот пристап кој резултира во прекршување на законите за сексуалната работа, вклучувајќи присилно задржување. Овој пристап, кој е практулуван од Rauchira и други како прифатливо решение, не придонесува ништо во запирањето на трговијата со луѓе и нарушувањата.

  • Terms of Reference Expert for conducting a need assessment of CSO’s Project: Strategic partnerships to develop a social agenda for change: “Recognize, Respect and Realize RIGTHS” Ref. no. IPA/2017/392-541

    Terms of Reference

    Expert for conducting a need assessment of CSO’s

     Project: Strategic partnerships to develop a social agenda for change:

    “Recognize, Respect and Realize RIGTHS” Ref. no. IPA/2017/392-541

     

    Дознајте повеќе!
  • Стратешки партнерства за развивање на социјална агенда за промени

     

    Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе - Отворена порта Ла страда, го промовираше проектот Стратешки партнерства за развивање на социјална агенда за промени: Препознај, почитувај и остварувај права“ финансиран од Европската Унија.

    Неговото спроведување треба да овозможи зајакнување на граѓанските организации во Македонија, како и нивна можност за финансирање преку програма за ре-грантирање за поддршка на здруженија на граѓани кои што делуваат во областа на заштитата на човековите права (жени, деца, социјални права, миграција, организиран криминал вклучувајќи ја и трговијата со луѓе и експлоатацијата).

    Дознајте повеќе!
  • Open call for Consultancy

    Open call for Consultancy for the Guide on referral system/social service delivery for migrants

    Title: IRIS NETWORKing - CSOs for protection sensitive migration management

    Дознајте повеќе!
  • ПОВИК ЗА ОБУКА

    Дознајте повеќе!
  • Меѓународен ден на жената 8 март Почитување на правата на жените работнички и искоренување на трудовата експлоатација

    Меѓународен ден на жената  8 март 
    Почитување на правата на жените работнички и искоренување на трудовата експлоатација

    Овој 8 ми март го посветуваме на жените работнички од текстилната и кожарската индустрија  и повикуваме на почитување на работничките права и искоренување на трудовата експлоатација која што се случува во Македонија.

    Текстилната индустрија е најголема извозна индустрија во Македонија која допринесува економска стабилност, производство, работа, извоз. Податоците од теренските истражувања што Отворена Порта ги направи во 2015/2016 за текстилната и кожарската индустрија укажуваат на полова дискриминација, односно жени работници кои заработуваат помалку од нивните машки колеги за работа со еднаква вредност. Жените претежно се наоѓаат во  безизлезна состојба и не можат да излезат  од услови на сиромаштија со речиси никакви можности за работа. Ниските плати вршат структурно, економско насилство врз работниците, особено врз жените. Зависноста е клучен збор тука,  главно за илјадниците жени принудени да останат на работното место, без разлика колку се лоши условите за работа.  Ниските плати, исто така, резултираат со сиромаштија која  двојно и тројно ги оптоварува  жените работнички. На пример повеќе жени работнички од  Македонија споделија дека покрај работата во фабрика , мора да се ангажираат и во земјоделството за да преживеат.

    За жал многу ретко работниците пријавуваат прекршување на работничките права и трудова експлоатација, најмногу поради страв да не  ја загубат работата или поради недоверба во институциите и судството.

    Ние го осудуваме пазарот кој ги експлоатира и прекршува правата на жените работнички особено во текстилната и кожарската индустрија.  

    Ние сметаме дека Владата треба да посвети повеќе внимание на мерките за сузбивање на трудовата експлоатација,  заштитата на човековите права, вклучувајќи ги и работничките права  и истите да бидат приоритет во нејзината работа.

    Како организација ќе продолжиме да ги заштитуваме и да се бориме за правата на жените работнички,  жртвите на трудова експлоатација и трговија со луѓе.  Ве потсетуваме дека истражувањето на Отворена порта можете да го проследите на следниов линк: http://www.lastrada.org.mk/mainarchive/The-real-cost-of-our-shoes-REPORT-SUPER-LOW.pdf

     

    Дознајте повеќе!
  • Превенција од трговија со деца преку обработка на едукативен филм Набљудувачи

    Отворена Порта спроведе низа на работилници во 12 средни училишта во Скопје и Куманово, каде младите- средношколци имаа можност да го проследат филмот „Набљудувачи“ и да дискутираат на тема превенција од трговија со луѓе. 
    Филмот набљудувачи е 36 минутен филм , снимен во форма на колаж, кој се состои од 3 различни приказни за трговија со деца и млади. Филмот е од едукативен карактер и во последните секвенции од приказната се прикажува еден од многуте начини на конструктивно разрешавање на ситуацијата во кое се нашло детето/младата личност , и којашто не би довела до искуство со трговија со луѓе. 
    Низ овој пристап на анализа на филмот со учениците, се испраќа јасна порака дека некои различни ситуации во кој може да се најде било која млада личност, кој се дел од секојдневниот живот, можат да доведат до позитивни или негативни искуства , зависно од начинот на кој реагираат сите клучни актери во таа ситуација(семејството, младите, заедницата, стручниот персонал од училиштата, наставниците) кои се грижат за благосостојбата на детето. 
    Преку гледањето на филмот и дискусија со учениците се овозможува да се разбере сложеноста на феноменот на трговија со луѓе и да се согледаат можните начини за заштита и намалување на ризикот од трговија со деца. 
    Активностите беа организирани во партнерство со Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје.
    Превенција од трговија со деца преку обработка на едукативен филм Набљудувачи. 

        

    За да го погледнете филмот ве молиме отворете го следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=Thb6Ccot9as 

     

    Дознајте повеќе!
Видеа
  • МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
  • Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
    Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
  • КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
    КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
  • Спречи, Заштити, Надомести
    Спречи, Заштити, Надомести
  • Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
    Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
  • Банер Хана
    Банер Хана
Донатори
Top