Архива
18 октомври- Евроски ден за борба против трговијата со луѓе

18 октомври- Евроски ден за борба

против трговијата со луѓе-2014

  • Регионална социјална академија

    Од 26-29 ноември 2018 во Белград се одржа Регионална социјална академија организирана од #IRIS. 

    Две лица беа селектирани од Македонија за учество на истата  и имаа можност да следат различни тематски предавања од врвни експерти и истражувачи кои работат во областа на миграцијата.

    Регионалната академија обезбеди одлична можност за размена на искуства, знаења, позитивни практики и методи за работа со посебен фокус на ранливите категории бегалци и мигранти. Исто така, беа организирани студиски посети на бегалски камп и училиште во Белград како позитивен пример за интеграција на бегалците на регионално ниво. Исто така, регионалната академија беше одлично место за градење на нови проектни идеи, подобрување на соработката со организациите од другите држави каде мрежата #ИРИС е активна. 

    Повеќе информации можете да најдете на: https://www.facebook.com/events/1110891832411160/permalink/1156195944547415/

    Оваа активност ќе се повторува и во следните години и секако навремено ќе бидете известувани за да можете да аплицирате.

     

     

     

    Дознајте повеќе!
  • ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЛАДИНСКИ КАМПАЊИ

     

                             

     Доколку сте млади на возраст од 17-26 години и имате идеја за изработка и спроведување на младинска локална кампања во форма на уметнички изложби, музички или актерски перформанси, фото инсталации, дебати, социјални мрежи и платформи или друг вид на иновативно и креативно изразување ве охрабруваме да се пријавите на повикот на Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта.  

    Младинските локални кампањи треба да ја обработуваат  темата „Трговија со луѓе‘‘.

    Пријавувањето треба да биде во тимови од два до најмногу четири учесника.

    Тимот потребно е да испрати:

    • Кратка биографија на македонски јазик за секој член на тимот.
    • Мотивационо писмо.  
    • Пополнет образец 

    Документите испратете ги на lastrada@lastrada.org.mk со наслов Младинска локална кампања. Крајниот рок за доставување на пријави е 30 јануари 2019.

     Целиот оглас симнете го овде. 

    Дознајте повеќе!
  • Иницијатива за социјална димензија за интеграција во ЕУ

     

      

     

    На 6 ноември 2018 година од страна на АСБ, беше организирана регионалната министерска конференција "Иницијатива за социјална димензија за интеграција во ЕУ", на која што беше презентирана Мрежата ИРИС. Повеќе од 150 релевантни чинители од Југоисточна Европа и Европската Унија - министри за труд и социјална политика од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија и Црна Гора, европратеници, раководители на одделение за меѓународни прашања од ЕУ -  за вработување, социјални прашања и инклузија, Совет за регионална соработка, Н.Е. Германскиот амбасадор во Србија, српскиот министер за интеграција во ЕУ и организациите на граѓанското општество од ЈИЕ присуствуваа на конференцијата.

    Потпишувањето на Декларацијата за подобрување на социјалната политика на Западен Балкан од страна на Министри за труд и социјална политика од 7 земји, на конференцијата, покажува целосна посветеност кон зајакнување на социјалната димензија во процесот на проширување.

    Клучни теми што беа дискутирани за време на Конференцијата беа социјалниот аспект на процесот на интеграција во ЕУ, трансформацијата на системот на социјална заштита, новите актери во социјалните услуги и улогата на граѓанските организации во системот на социјална заштита. Преку учество на отворената дискусија "Социјална перспектива на ЕУ" ИРИС мрежата беше презентирана пред релевантни засегнати страни на ЕУ, регионално, национално и локално ниво. Повеќе информации за настанот можете да најдете на http://iris-see.eu/regional-ministerial-conference-social-dimension-initiative-of-eu-integration/

    Дознајте повеќе!
  • Инсталација Handle With Care

     

                  

    Петок, 2,ноември во Националната галерија на Македонија -Мала станица, успешно ја отворивме уметничката инсталација "Handle with Care“. Им благодариме на сите граѓани, институции, граѓански и меѓународни организации кои дојдоа да го проследат настанот и да ја поддржат иницијативата. 
    Пораките беа јасни, потребно е заеднички да продолжиме со напорите против трговија со луѓе како на меѓународно така и на национално ниво. Треба да обезбедиме навремено препознавање на трговијата со луѓе и да обезбедиме безрезервна заштита на жртвите. 
    Продолживме на 3 ноември, со панел дискусија, со претставници од МТСП, ХОПС, Коалиција на маргините, Отворена Порта / Ла Страда и останатите учесници претежно млади професионалци и други граѓани. 
    Се согласивме дека трговијата со луѓе не треба да биде табу тема. Почитувањето на женските права, зајакнување и поддршка на жените и девојчињата и родовата еднаквост треба да бидат во центарот на напорите за спречување на трговијата со луѓе и експлоатацијата.

    За сите оние кои немаа можност да не посетат во Скопје, тоа можете да го направите во Тетово на 7/8/9.11.2018 во Центар за балканска соработка- и Битола на 13/14/15.11.2018 - НУ Центар за култура. Овој патувачки проект продолжува да се движи, во соработка со Здружението Женски Форум Тетово и ЗГ Семпер Битола. Ве очекуваме да не посетите.

    Проектот и инсталацијата Handle With Care е иницијатива на уметничките Patricia Kaersenhout and Jimi ChimiChurriJimini Hignett како дводелна изложба во Tropenmuseum во Амстердам како дел од изложбата за комеморација на 150 годишнината од укинување на ропството во Холандија. Проектот е организиран од страна на Отворена Порта со поддршка на Амбасадата на Кралството на Холандија во Македонија и Тирана и има за цел да ја подигне свесноста за трговијата со луѓе помеѓу граѓаните, особено младите во Р. Македонија.

    Дознајте повеќе!
  • Leaving no one behind in the process of EU enlargement to the Western Balkans

    As part of the #Social_Dimension_InitiativeASB South East Europe is organizing a Regional Opening Conference that will gather all WB countries in one idea: #Leaving_no_one_behind in the Process of EU Integration

    More information about SDI on link: 
    https://asb-see.org/leaving-no-one-behind-in-the-process-o…/

    Stay tuned!

    Дознајте повеќе!
  • Мрежата ИРИС ги обединува граѓанските организации во Македонија за да ги подобрат социјалните услуги !

                                         

    Денес 28.09.2018, на партнерскиот состанок, Регионалната мрежа ИРИС ги обедини 18 Граѓански организации од Македонија кои што во наредните четири години ќе се залагаат  да ги подобрат социјалните услуги наменети за ранливите категории на граѓани.

    Мрежата ИРИС во Македонија ќе се залага да ја зајакне улогата на граѓанските организации кои обезбедуваат различни видови на социјални услуги и ќе ги поттикне да земат активно  учество во градењето на социјалните политиките за различни ранливи групи низ цела Југоисточна Европа и да осигура дека овие организации се признаени како еднакви партнери од страна на јавниот сектор.

    На  состанокот организациите се согласија дека ќе ги обединат своите сили со цел да обезбедат:

    • Зголемен квалитет на социјалните и правните услуги што ги обезбедуваат преку градење на капацитетите
    • Зголемена социјална кохезија на локалните заедници преку иницијативи за мрежно поврзување на граѓанското општество
    • Зајакната национална / регионална координација на ГО и јавните институции во управувањето со миграцијата
    • Влијанија врз процесите на реформите во социјалната свера.

      

     

    Дознајте повеќе!
Видеа
  • МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
  • Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
    Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
  • КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
    КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
  • Спречи, Заштити, Надомести
    Спречи, Заштити, Надомести
  • Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
    Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
  • Банер Хана
    Банер Хана
Донатори
Top