Архива
Награда за најдобри средношколски мултимедијални проекти во Македонија.

Награда за најдобри средношколски мултимедијални проекти во Македонија.

Отворена Порта / Ла Страда Македонија во текот на септември 2014 година, распиша конкурс за избор на најдобар средношколски мултимедијален производ на тема трговија со луѓе. Средношколците беа охрабрувани да ја покажат својата иновативност и креативност користејќи комбинација од три или повеќе типови на дигитални медиуми: текст, звук, видео, графика и анимација. На конкурсот беа пристигнати 20 мултимедијални проекти во кои се презентираа различните форми на експлоатација, со фокус на едукацијата и превенцијата. Мултимедијалните производи беа постирани на посебна дизајнирана Фејсбук страница www.facebook.com/pages/Избор-за-најдобар-средношколски-мултимедијаленпроизвод/417449685080149?ref=hl, каде што јавноста можеше да гласа и да го избере победникот. Стручното жири за селекција кое беше составено од релевантни експерти од невладиниот сектор, меѓународните организации, државните институции, амбасади и филмски критичари, награди уште три мултимедијални производи, врз основа на  креативноста, иновативноста, содржина, порака, применливост во македонското општество и напор во подготовка. Наградените ќе бидат промовирани и презентирани на претстојниот LSI НВО платформа во Скопје во мај 2015. Мултимедијалните производи ќе бидат користени од страна на Отворена Порта во нивните превентивни активности  и ќе бидат понудени на заинтересираните медиуми за понатамошно ширење и релевантните засегнати страни против трговијата со луѓе да ги користат во нивната работа.  Оваа активност  е дел од проектот Крени го гласот против трговијата со луѓе, финансиски поддржан од Европска Унија. Победничкиот мултимедијален производ од онлајн гласачите може да го видите тука.

  • Оглас за ангажирање на консултант

     ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТ
    Здружението за акција против насилоство и трговија со луѓе Отворена Порта распишува оглас за ангажирање на консултант за идентификација и проценка на потребите на младите во Гевгелија и недостатоците во локалната подршка за децата на кои што им се потребни специјализирани заштитин сервиси. За повеќе информации: ToR Consultant 19 07 2017 (2).pdf

     

    Дознајте повеќе!
  • ИЗВЕСТУВАЊЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ЈАВНОТО ГЛАСАЊЕ ПРЕКУ ФЕЈСБУК

    ИЗВЕСТУВАЊЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ЈАВНОТО ГЛАСАЊЕ ПРЕКУ ФЕЈСБУК

     ПРОЕКТ ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ И ЗАШТИТА НА ЖРТВИТЕ

    ИЗБОР НА НАЈДОБАР МУЛТИМЕДИЈАЛЕН

    ПРОИЗВОД НА ТЕМА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

    Мултимедијалниот производ со реден број 18 изработен од Валон Рамадани / Вулнет Рамадани / Дритон Синани / Мерал Јусуфи / Луан Дехари / Едон Јонузи / Арта Адеми / Бурим Рамадани / Петрит Ајдари / Рилинд Исени - Гимназија "Кирил Пејчиновиќ" - Тетово

    јавноста го избра за НАЈДОБАР МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ПРОИЗВОД НА ТЕМА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ со 13000 допаѓања. Победниците ќе добијат парична награда во вредност од 200 евра во денарска противредност. 

    Како дел од проектот ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ И ЗАШТИТА НА ЖРТВИТЕ беше објавен конкурс за избор на најдобар мултимедијален продукт на кој што аплицираа 32 производи. Право на учество имаа младите на возраст од 14 до 23 години од  Р. Македонија здружени во тимови или индивидуално.  Учесниците имаа можност да конкурираат со еден или повеќе мултимедијалени производи..

    Сите 32 производи се постирани на страната https://www.facebook.com/Избор-на-најдобар-мултимедијален-производ на која што онлајн публиката го избра најдобариот мултимедијален производ со ставање на like на самото видео. Гласањето за најдобар мултимедијален производ започна на 1 јуни и заврши на  31 јуни 2017.

     Другите 3 (три) најдобри идеи ќе бидат селектирани од  стручно жири  и ќе бидат наградени со парична награда:

    • 1 награда од стручно жири- од 150 евра.
    • 2 и 3 награда од стручно жири- од 100 евра.

    На 21 јули 2017 ќе бидат објавени наградените производи од страна на стручното жири.

    До 5 август 2017 година победниците ќе ги добијат своите парични средства. 
    Официјалното доделување на сертификати за награди ќе биде дополнително организирано.

    Дознајте повеќе!
  • СОС линија за помош при трговија со луѓе

    Информирајте се за трговијата со луѓе на нашата СОС линија!

    Дознајте повеќе!
  • СОЗДАДИ НАДЕЖ Хуманитарен базар на ракотворби


    СОЗДАДИ НАДЕЖ е мотото под кое во очи на Светскиот ден на бегалците ќе се одржи продажен хуманитарен базар на ракотворби кои ги изработиле бегалци. 
    139 лица бегалци и мигранти изработија преку 100 парчиња накит, украси и слики како дел од 15 работилници за арт терапија одржани во транзитните центри Табановце и Винојуг, како и во прифатниот центар Визбегово. 
    Ракотворбите ќе бидат на продажба, а собраните средства ќе се употребат за поддршка на потребите на бегалците и мигрантите во Македонија.
    Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, спроведен од Македонско здружение на млади правници во соработка со Отворена Порта - Open Gate: La Strada Macedonia ве кани да бидете дел од овој настан и да придонесете кон зајакнувањето на јавната свест за бегалците и кон добросостојбата на овие лица.
    USAID Macedonia #withrefugees #refugeeday 

    Дознајте повеќе!
  • Дознајте повеќе!
  • Дознајте повеќе!
Видеа
  • МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
  • Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
    Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
  • КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
    КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
  • Спречи, Заштити, Надомести
    Спречи, Заштити, Надомести
  • Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
    Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
  • Банер Хана
    Банер Хана
Донатори
Top