Архива
Националната конференција за проактивна и координирана борба

Националната конференција за проактивна и координирана борба против трговија со луѓе со фокус на трудова експлоатација
Промоција и примена на индикаторите за идентификација на жртви на трговија со луѓе.
5ти декември, 2014, Скопје, Македонија
Идентификацијата  на жртвите  на трговијата со луѓе продолжува да биде еден од најголемите предизвици во борбата против овој феномен не само во Македонија туку и во светот. За жал, и денес, после толку донесени конвенции, стратегии и мерки многу од жртвите остануваат неидентификувани и, како последица, се предмет на континуирана експлоатација,  без можност за пристап до правата. Идентификацијата на  жртвите на трговија со луѓе, или  потенцијалните жртви, е првиот чекор кон обезбедување на помош и заштита  и е од витално значење за обезбедување на нивните човекови права.  За повеќе...

  • Состанок на Отворена Порта со претставници на #Здружение_на_социјални_работници_на_Македонија

    Состанок на Отворена Порта со претставници на #Здружение_на_социјални_работници_на_Македонија со цел потпишување на меморандумот за соработка.
    Здружението на социјални работници на Македонија - кои делуваат во делот на подобрување и афирмација на социјалната работа на национално ниво и целокупниот систем на социјална заштита се приклучи во остварувањето на визијата и мисијата на мрежата И Iris-Mk Network за унапредување на социјалните услуги во Република Македонија .

    Open Gate's meeting with representatives from the #Association_of_social_workers_of_Republic_of_Macedonia with aim to sign the memorandum for cooperation
    The Association of social workers from The Republic of Macedonia - who are acting in the area of improvement and affirmation of social work at a national level, and the entire system of social protection, joined in the realization of the vision and mission of the Iris-Mk Network for the promotion of social services in the Republic of Macedonia.

    Дознајте повеќе!
  • Одговори на добиените прашања од јавниот повик за доделување грантови на граѓански организации во рамки на проектот

    „Стратешко партнерство за развивање социјална агенда за промена: Препознај, почитувај и остварувај права“

    Проектот „Стратешко партнерство за развивање социјална агенда за промена: Препознај, почитувај и остварувај права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта/Ла Страда, отвори јавен повик до граѓанските организации (ГО) за доделување грантови со рок за доставување до 14.09.2018.

    Повикот можете да го погледнете на следниот линк.

    Овој документ ги содржи сите поставувани прашања и нивните одговори поврзани со јавниот повик добиени од страна на граѓанските организации:

    Одговори на добиените прашања од јавниот повик 

     

     

     

     

    Дознајте повеќе!
  • ЈАВЕН ПОВИК до граѓански организации за доделување грантови краен рок 14.09.2018

    Проектот „Стратешко партнерство за развивање социјална агенда за промена: Препознај, почитувај и остварувај права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта/Ла Страда, отвора јавен повик до граѓанските организации (ГО) за доделување грантови.

    Програмата за доделување грантови придонесува за главната цел на проектот, односно да го подобри граѓанскиот активизам и да ги зголеми капацитетите на организациите на граѓанското општество да станат активни чинители во подобрувањето на политиките за развој на човековите права и владеење на правото.

    Програмата ќе ги поддржи националните ГО во спроведувањето на целни локални активности за застапување кои ќе придонесат кон националните напори за подобрување на политиките и практиките на јавниот сектор, а кои ќе имаат одржливи резултати.

    Преку  грантовите ГО ќе се залагаат и ќе спроведуваат независно и објективно следење и истражување, развој на политики и ќе влијаат на процесите на донесување одлуки во јавноста. Преку повикот се очекува да се изградат транспарентни и одговорни граѓански организации, кои ќе го претставуваат гласот на граѓаните.

    Граѓанските организации ќе имаат можност да ја градат мрежата на своите партнери, соработници, поддржувачи и донатори за да обезбедат долгорочно одржување на нивните активности преку кои придонесуваат за јавниот интерес и остварувањето на сопствените мисии и визии. 

    Дополнително, оваа програма е креирана на начин што ќе овозможи ГО да ги градат своите капацитети  особено во поглед на собирање податоци, анализа, мониторинг и застапување. Низ проектниот циклус се очекува грантистите да ги прошират и своите капацитети и способности за управување со грантови финансирани од ЕУ.

    Право на учество согласно критериумите за подобност имаат домашни граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации што се регистрирани најмалку шест месеци пред објавата на овој повик.

    Рокот за поднесување на апликациите е најдоцна до 14.09.2018 до 16 часот (до овој рок апликацијата треба да e поднесена до Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе- Отворена порта/Ла Страда - Скопје). Апликациите се доставуваат во еден примерок по пошта, курир или лично на адреса: ул.Сава Ковачевиќ 1а, 1000 Скопје. Секој апликант може да достави само една апликација во рамки на повикот. Апликантите можат да бидат ко-апликанти во една друга апликација. Минималната сума за која може да се аплицира е 307 250,00 ден, а  максималната 491 600,00 ден.

    Целокупни информации за целите, активностите, критериумите за доделувањето на грантовите, се наоѓаат во програмата. Дополнителни информации и прашања се поставуваат на e–mail: lastrada@lastrada.org.mk согласно насоките во упатството за апликанти.

    Согласно Јавниот повик, апликантите доставуваат:

     

    Сите потребни документи се достапни за преземање од www.lastrada.org.mk

    Се замолуваат ГО да го проследат овој повик до сите заинтересирани соработници формирани согласно Законот за здруженија и фондации. Информативни  средби  во врска со повикот ќе се оддржат во два града.

    Дознајте повеќе!
  • Регионална работилница за практична употреба на Унифицирани Стандардно Оперативни Процедури

    Регионална работилница за практична употреба на Унифицирани Стандардно Оперативни Процедури за прекугранична координација и соработка за заштита на жртвите и   потенцијалните жртви на трговија со луѓе, со посебен фокус на децата организирана од   Здружението на граѓани Отворена Порта Ла Страда Македонија.

    Работилницата се спроведува во рамки на проектот “Подобрување на сервисите и   подигнување на свеста за борба против трговијата со луѓе на Балканот, Албанија, Македонија, Црна Гора и Косово“, финансиран од Соединетите Американски Држави, преку Ј/ TiP програма.

    Дознајте повеќе!
  • Заштита на бегалците и мигрантите преку информирани и сензибилизирани заедници

                  

    Како  дел од проектот “Заштита на бегалците и мигрантите преку информирани и сензибилизирани заедници”, Отворена Порта спроведоа  8 форум театри со младите и пошироката јавност со цел да се ​​зголеми света кај заедницата особено кај младите за положбата на бегалците и мигрантите во нивниот процес на миграција и тешкотиите со кои тие се соочуваат во земјите на транзитирање и прием.

    Форум театрите се спроведоа во 8 основни училишта во Македонија и тоа во: Куманово, Кавадарци, Демир Хисар, Битола, Ново Маало-Струмица, Василево-Струмица и Скопје. За време на овие настапи децата не само што беа пасивни гледачи, туку и имаа можност да учествуваат во некои сегменти на претставата и да дадат сопствени мислења и решенија за можните начини за спречување на трговијата со луѓе.

    Проектот е имплементиран од страна на Отворена порта/Ла Страда и е поддржан од проектот “Capacity development for Selected actors working with asylum seekers in Serbia and Macedonia”, кој е воспоставен од German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ), а имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ).

     

    Дознајте повеќе!
  • ЕФИКАСНА АСИСТЕНЦИЈА И УПАТУВАЊЕ НА КОРИСНИЦИТЕ НА СОС УСЛУГИТЕ

    Отворена порта / Ла Страда на 13-14 јуни.2018, спроведе дводневна обука наречена "ЕФИКАСНА АСИСТЕНЦИЈА И УПАТУВАЊЕ НА КОРИСНИЦИТЕ НА СОС УСЛУГИТЕ"", во соработка со  3 линии за помош: СОС линија за проблеми со зависноста од дрога, СОС линија за деца и адолесценти и СОС линии за жртви на семејно насилство.

    Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите на СОС операторите и дополнително да се создаде група на волонтери кои што ќе имаат соодветни знаења и вештини за обезбедување на емоционална поддршка, советување и упатување.

                    

    Дознајте повеќе!
Видеа
  • МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА BAN HUMAN TRAFFICKING
  • Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
    Трговијата со луѓе и трудова експлоатација на нашиот континент
  • КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
    КРЕНИ ГО ГЛАСОТ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ- 2 дел
  • Спречи, Заштити, Надомести
    Спречи, Заштити, Надомести
  • Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
    Медиумска кампања „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ -1 Дел
  • Банер Хана
    Банер Хана
Донатори
Top